Snowhite RR -> Идеи за роденденски прослави (16.1.2011 14:25:00)
|
Му се ближи роденденот на син ми, планирам да го правам дома, затоа што немаме многу дечиња за во игротека, ама и ладно е за шетање. Е сега не сакам стандард родендени, викам гости и мажите седат, јадат и пијат, жените трчаат и викаат по децата, роденденот е за децата и сакам нив да им го направам интересен. Ај дајте ми некоја идеја, на интернет на странски страни пронајдов нешто, ама за кај нас баш и не се изводливи. Јас сакам нешто вака од прилика, ќе купам маски за сите дечиња, ќе средам една соба со играчки само за децата, ќе припремам интересна храна, интересна за око, а со тоа и за јадење, е сега можеби ќе смислиме некоја игра која што ќе ја играме сите заедно, сепак треба да се преслушам која возраст се децата и да се најде игра во која ќе може да учествуваат сите, а може и некоја игра за возрасните. Како и да е, се уште немам дефинирано, ама сакам да биде роденден за паметење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image], ако имате некоја идеја пишете ја тука, може ќе му помогне и на другите кои имаат роденден
|
|
|
|