Mila mamicka -> RE: Колку сте зависни од благо? (22.8.2014 10:26:35)
|
Воопшто не сум зависник од благо. Значи може да помине и цел месец да не каснам ништо благо и да не почуствувам потреба од истото. Ама, ова важи само кога не гледам благо пред мене. Ако видам, тогаш јадам, ама со усул. Гледам дека и син ми е на мене. Доколку не гледа, никогаш нема да побара чоколадо. А кога виде, си каснува по една коцка. Затоа избегнувам да купувам благо по дома, за да не го гледаме ни јас ни син ми. А на мм редовно "му паѓа шеќерот доцна навечер", ама му имам кажано да не јаде пред мене, така што си немам проблем со него. Проблем си имам со сите гости што доаѓаат и му носат чоколади на син ми, а јас секогаш се нервирам и се прашувам зошто така останало одамна, па кога се оди на гости сите на децата им купуваат чоколади. Зошто на пример, не им купат по еден кг јаболки. Мајка ми многу се нервира, оти нив им имам забрането да му купуваат чоколади на син ми, па веќе дури и продавачките во локалните продавници ја научија, кога оди да купи некое овошје на пат за кај нас, и и викаат кај внукот ли ќе одиш. Малку избегав од темата, ама ме нервира оваа навика кај постарите да купуваат чоколади на децата.
|
|
|
|