Calypso -> RE: Како се снаoѓате со обврските околу домот и детето? (25.1.2013 16:04:31)
|
Ќе одговорам конкретно на поставениот наслов/прашање - се снаоѓам како што знам и умеам, и мислам дека прилично добро сум се снашла, со оглед на тоа што работи на кои им посветував премногу време, сега ги завршувам во рекорден рок. Односно, научив подобро да си го организирам времето. Дома секогаш има работа, ако ништо друго, барем ручек да се прави. Бидејќи сум дома, детето е со мене. Со него правам се. Кога сме кај моите, малку сум порелаксирана, се грижам главно за малиот и неговите потреби, иако секогаш помагам и во домашните работи, без разлика што таму веќе не ми е дома. А дома, кога ќе посакаат свекор ми и свекрва ми да го земат малиот да поседи кај нив, тоа време го искористувам да завршам нешто што не би можела во присуство на син ми (како на пример, сега, пишувањево на РР [sm=smiley36.gif]). Ама да барам специјално да го почуваат за да завршам нешто, не. Не ги молам, не го оставам нарочно таму, само по нивна желба. Не сакам после тоа чување да ми биде низ нос извадено. Сметам дека добро се снаоѓам, иако има денови кога навистина од се ми е дојдено преку глава и сакам да се откажам. Најчесто нема врска со секојдневните обврски и грижата за детето. Повеќе е поврзано со фактот што животот си го ставив на стенд бај пред некое време (жртва за подобар живот). Се повеќе и повеќе ми се чини дека залудно го направив тоа, и знае некогаш да ме мавне на психа. Не сум совршена, сметам дека може и подобро, ама ова што го правам, не е малку.
|
|
|
|