profesorica -> RE: бели заби без тешки операции (29.1.2010 10:45:04)
|
Како до поголема заштита од кариес? Медицината бара нови и поефикасни методи за борба со кариесот. Некои од нив се и доста нетипични - вакцина против кариес, електрични бањи за зајакнување на забниот мејл, геномодифицирани бактерии, кои се борат со причинителoт на кариес. [image]http://vesti.mt.net.mk/images/karies1.jpg[/image] Но, бидејќи сите овие изуми сè уште постојат само во лабораториите, не ни останува ништо друго освен да се довериме на старите проверени методи на заштита. Начин број 1: редовно миење на забите Бактериите Streptococcus mutans живеат во устата и се хранат со најмалите остатоци од храна (особено со јаглени хидрати од неа), кои се собираат на забите. За да не им осигуруваме соодветна средина за развој, треба да миеме заби барем два пати дневно, а идеалната варијанта е по секое јадење. За добрата хигиена е потребна и вистинската четка со средна цврстина. Електричната четка е подобра од "обичниот", но сепак има една предност - дава можност за единица време да се чисти повеќе. Според некои мислења на експерти, таа отстранува подобро. Соодветната паста за заби треба да: • да ги чисти добро забите, т.е. да содржи дикалциев фосфат, натриум метафосфат, алуминиум хидрооксид или силициум двооксид; • да го зајакнува забниот мејл со флуор; • да ги убива микробите со помош на триклозан, хлорхексидин и други специјални дезинфектанти. Начин број 2: да не си ги миеме забите!? Да. Според статистиката, се уште има доста, луѓе кои воопшто не ги мијат забите, а други го прават тоа еднаш неделно. И замислите си, некои од нив немаат ниту еден кариес! Делумно тоа се должи на гените. Набљудувањата покажуваат дека меѓу нив доминираат такви кои не се поддржувачи на слатки производи, а користат повеќе месо. Сепак - ако не сакате да останете без заби, подобро не сметајте на вакво мени или на наследувањето. Медицината бара нови поефикасни методи во борбата против кариесот. Некои од нив се нетипични како вакцина, електрични бањи и слично. Додека не излезат од лабораториите овие методи, најдобро е да се држиме до старите здрави животни навики.
|
|
|
|