RE: Вашата потсвест (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


Ikana -> RE: Вашата потсвест (21.4.2012 13:44:22)

Не се алармирај, добро е што мозокот ги преработува и своевидно решава и трга тие работи преку соништата, здраво е така, отколку потиснати да останат. [sm=smiley1.gif]




Ikana -> RE: Вашата потсвест (21.4.2012 13:46:32)

Сакав да кажам само, имаше во мојот пост од Википедија извадокот дека одредени групи на Њу ејџ луѓе ги користат свеста и потсвеста за сугестивно или автосугестивно да влијаат врз некои органски или мисловни процеси и сакав да кажам дека не верувам во тие книги за самопомош или рецепти за успех или штотијазнам, за тоа постои наука што се вика психологија и психијатрија.




annabela -> RE: Вашата потсвест (21.4.2012 14:15:24)

Подсвеста е многу моќно оружје за самопомош меѓутоа треба да сме свесни во нејзината моќ и треба да знаеме како да ја канализираме и употребиме правилно. Подсвеста како пасивен дел на нашиот мозок свеста е активниот може многу да ни помогне да си помогнеме себеси.
Подсвесните процеси се секогаш коструктивни и свртени кон животот. Подсвеста го создава човечкото тело и ги одржува сите негови витални функции. Таа никогаш не спие на работа е 24/7
Како што реков две се нивоа на човечкиот ум свесното или рационалното и несвесното (подсвеста ) или ирационалното.Подсвеста значи е местото на сите чуства но и на творечкиот дел на личноста. Размислувајте за нешто добро, ќе ви се случи добро, меѓутоа ако имате лоши мисли ќе следуваат и лоши настани.
И јас имав аверзија од книги за самопомош од книги кои преку ноќ ветуваат среќа и којзнаешто, меѓутоа топло ви ја препорачувам книгата МОЌТА НА ПОДСВЕСТА од Џозеф Марфи.
Не е книга за самопомош меѓутоа е книга која опишува едно учење кое станува начин на живот. Мене ми го смени животот (на подобро) и ми помогна да победам една фобија(имав старв од височина)




Anne^ -> RE: Вашата потсвест (22.1.2013 3:49:25)

МОЌТА НА ПОДСВЕСТА од Џозеф Марфи и јас ја имам прочитано, навистина многу работи ми се смениа одкако ја прочитав.. Ја препорачувам на сите да си ја прочитаат




marchi -> RE: Вашата потсвест (27.12.2015 12:22:31)

od kaj gi iskopavte ovie fori??? [sm=bravo.gif]za vas ne mi pobodi bas ama me iznasmea [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]