Snowhite RR -> Превентивни прегледи (5.12.2010 12:17:08)
|
Дали имате навика да одите на преглед, на пример еднаш или двапати во годината, или едноставно се плашите од бели мантили? Тоа би било нешто како систематски прегледи, знам дека во некои фирми се задолжителни систематските прегледи, но што со оние каде не се, или не се вработени? Еве на пример утрово слушав емисија на радио имаше докторка, зборуваше за рак на дојка, за рано дијагностицирање итн итн, но како би дошло до рано откривање на било која болест, ако не одиме редовно на прегледи. Јас мислам дека нема таква навика во Македонија, еве јас на пример лекар многу ретко посетувам, ако нешто се посомневам тогаш ќе да, одам и за совет да прашам, но систематски немам направено од факултет кога не пратија. Кои се вашите размислувања?
|
|
|
|