Maca25 -> Стратегии за здраво срце (29.11.2010 16:02:23)
|
Еве три едноставни и забавни начини за одржување на здравјето на срцето: 1. Спијте подолго Една американска студија откри дека секое лице, кое спие помалку од 4 часа во текот на ноќта, страда од хипертензија, во споредба со само еден од осум лица, кои спиеле по 7 часа. 2. Уживајте во секси сеанса Мажите, кои имале секс двапати во неделата покажале 45% намалена веројатност од добивање на срцево заболување, во споредба со мажите, кои оваа `гимнастика` ја практикувале едвај еднаш во месецот, тврди една студија која траела 16 години и се спроведувала на повеќе од 1.000 машки испитаници. 3. Пијте црвено вино Меѓутоа, не повеќе од една чаша дневно. За ваквата благопријатна здравствена придобивка треба да му се заблагодариме на ресвератролот, соединение, кое се наоѓа во лушпата на црвеното грозје и го забавува стареењето на срцето. Црвеното вино е исто така благопријатно во спречувањето на таложење на масните киселини во артериите.
|
|
|
|