Прва приватна стоматолошка клиника (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


jovanka -> Прва приватна стоматолошка клиника (25.11.2010 1:28:50)

Отворена прва приватна стоматолошка клиника

Претседателот Бојо Андрески истакна дека во Стоматолошкиот центар граѓаните наскоро ќе можат да се лекуваат и со сини картончиња

Стоматолошкиот клинички центар, што ќе функционира во рамките на Европскиот Универзитет РМ, вчера беше осветен од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а во присуство на професорите, студентите и челниците на оваа високообразовна установа. Овој Стоматолошки клинички центар има шест клиники, а тоа се Клиника за болести на забите и ендодонтот, Клиника за протетика, Клиника за болести на устата и парадонтот, Клиника за ортодонција, Клиника за детска хирургија и Клиника за орална хирургија.
Претседателот на Европскиот универзитет, Бојо Андрески, истакна дека објектот се осеветува, бидејќи тој претставува една нова ѕвезда во РМ. Најави дека неговото отворање ќе се случи за неколку дена.
- Стоматолошкиот центар освен што ќе ги задоволува нашите стандарди, тој ги задоволува и светските стандарди, па може и да се каже дека и ги надминува сите граници, бидејќи со помош на деканката Славјанка Оџаклиевска, ние со нашите сили и знаења направивме нешто со што ќе се гордеат многу генерации, а посебно студентите на Факултетот за стоматологија. Овој Стоматолошки клинички центар не беше во план да го направиме, меѓутоа сакајќи да го заокружиме процесот на едукација, дојдовме до заклучок дека треба да бидеме независни, треба да бидеме подобри и најдобри, рече Андрески.
Претседателот на Европскиот универзитет РМ најави дека во иднина Стоматолошкиот центар ќе биде проширен и од сегашните 70 вработени како стручен кадар, догодина бројката ќе биде зголемена на 105 вработени лица.
- Заедно со деканската управа на Факултетот за стоматологија за Клиниката за детска хирургија решивме да додадеме новитет, а тоа е децата да гледаат цртани филмови, додека им се поправаат запчињата за да не бидат уплашени, бидејќи тие оваа состојба ја доживуваат како еден вид траума. Сето ова е резултат на целиот декански тим, истакна претседателот Андрески. Притоа, додаде дека во Стоматолошкиот центар граѓаните наскоро ќе можат да се лекуваат и со сини картони.
Славјанка Оџаклиевска, декан на Факултетот за стоматологија, рече дека идејата потекнува уште од времето кога се одлучи да се формира Стоматолошкиот факултет.
- За вежбање на студентите практично за настава мора да има и клиничка настава, којашто почнува некаде по третата година, па токму на време стасавме да го оформирме клиничкиот центар, којшто не само што ќе служи за едукација практично на студентите, туку ќе служи за услуги на целото население, рече Оџаклиевска.




Страница: [1]