Bethany -> RE: Таблети за слабеење (3.6.2013 10:50:35)
|
Моса, немам пиено тие таблети. Само еднаш имам пиено од таблетите за слабеење, од Слим лајн софт гел, лани ова време, бидејќи сакав да смршам а и да пробам ќе има ли некој ефект со таблети. Џабе пари дадов, а не се баш ефтини, 40 евра за една кутија, ама ајд да не пробав, ќе си се мислам дали требаше да пробам или не. Кај мене никаков ефект немаа, се додека не почнав да вежбам и да намалам на исхраната. Всушност и не намалив, туку само избегнував да јадам навечер. Ако тие таблети за еден месец ќе ти симнат 4 кг. ако само еден месец се дисциплинираш и само малку корегираш исхраната, да избегнуваш теста, благо, да не јадеш навечер, сигурно ќе симнеш исто така 4 кг. на поздрав начин и ќе си стекнеш навика за да јадеш помалку. Мој совет ти е: подобро 3 пати неделно одвој по еден саат, саат и пол, и отиди во некој фитнес клуб, ќе видиш повеќе резултати, башка право и ќе се затегнеш, со малку коригирана исхрана ќе имаш одлични резултати. Да не заборавам дека ти ќе се чувствуваш поисполнето, ќе имаш повеќе енергија од вежбањето и подобро расположение. Проверено е. Само малку волја и да си организираш времето и ќе бидеш топ.
|
|
|
|