anedespo -> RE: Таблети за слабеење (19.7.2011 9:40:56)
|
Алфа Телевизија Денес Агенцијата за храна и ветеринарство молчи за производите Slim Line понеделник, 18 јули 2011, 16:20 Молк од Агенцијата за храна и ветеринарство по информациите објавени на Алфа дека дел од производите на Slim Line содржат еден вид на дрога - Сибутрамин. Никој од агенцијата не одговори дали компанијата Slim Line Club има дозвола за производство на сите прозводи и дали го испитале составот на апчињата за слабеење. Дистрибутери и во исто време, корисници на овие производи тврдат дека биле изманипулирани од компанијата, која ги убедувала дека производите се безбедни и дека не го нарушуваат здравјето. „Одев на обуки, редовно во канцелариите ми беше објаснувано дека се е 100% природно, од билки, дека тие не можат да наштетат. И дека нормално даваат доволно енергија. Истото убедување го користев и јас за моите клиенти и ги продавав производите“, сведочеше за Алфа дистрибутер и корисник на Slim Line производи. Корисниците мотивирани од брзото слабеење, не се посомневале дека здравствените проблеми се последица на апчињата за слабеење. „Проблемите се со вртоглавици, страшни главоболки, притисок во градите, ненадејни крварења и во еден момент страшна болка во стомакот и колабирање. заостанат циклус, тахикардија“, потврдува друг дистрибутер и корисник на Slim Line производите. Алфа објави и документи потпишани од Институтот за јавно здравје, според кои дел од Slim Line производите ја содржат штетната супстанца Сибутрамин. Компанијата пак, се правдаше со друг документ, исто така од Институтот за јавно здравје – во него стои дека испитуваниот примерок ја нема оваа супстанца.
|
|
|
|