RE: Голема молитва за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


MajaLeon -> RE: Голема молитва за новороденче (23.12.2015 15:43:41)

Бебушот кога направи 40 дена земавме голема молитва, но јас сеуште имав крварење. Другарка ми кога и кажав после молитвата дека имав мало крварење не она обилно скр4ос малце ме искара не чинело да земам молитва додека имам крварење, но јаас не знаев за ова. Дали е ова точно ?




lukajana RR -> RE: Голема молитва за новороденче (23.12.2015 17:36:02)

Значи многу нормални е да имаш крварење и не е ништо страшно .Незнам како е кај вас црквата ама јас каде што сум ги носела има прво ходниче каде се продаваат свеќи па се влегува во црквата,во тоа ходниче се пее молитвата и бебето не се внесува во црквата.
Јас имам другарка што со менструација се венчаше па ништо ,некои работи не секогаш можеме да ги испланираме




Defne90 RR -> RE: Голема молитва за новороденче (26.12.2015 10:15:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MajaLeon

Бебушот кога направи 40 дена земавме голема молитва, но јас сеуште имав крварење. Другарка ми кога и кажав после молитвата дека имав мало крварење не она обилно скр4ос малце ме искара не чинело да земам молитва додека имам крварење, но јаас не знаев за ова. Дали е ова точно ?


И јас исто крварев додека ја земав молитвата за поголемиот син.И веднаш му кажав на попот и тој ми рече само да не ги бакнувам иконите инаку не е проблем ни за молитвата ни за ништо.Можам да си ја земам.Така да има право лукајана, некои работи едноставно не можат да се планираат.[sm=smiley1.gif]




СветлеБ -> RE: Голема молитва за новороденче (31.3.2016 8:58:33)

Здраво мамички
Ние наполнивме 40 и бевме си земавме Голема молитва и потоа бевме на гости во 3 куќи. И по адет ми го даруваа синот, ако може така да се каже, со бело јајце, брашно и шеќер. Па да ве прашам дали некој знае што се прави со тие работи?




Felly RR -> RE: Голема молитва за новороденче (31.3.2016 9:09:58)

На здравје молитвата Светле! Јас истите работи си ги измешав со моите и ги потрошив така. Не сум слушнала некој адет да има со тоа.




СветлеБ -> RE: Голема молитва за новороденче (31.3.2016 9:15:05)

Ти благодарам felly. Некои кажаа да се бањало детето со нив, некои рекоа да се потрошеле, баш како ти што велиш. Па не знам, сепак да си прашам [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]