|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Матични клетки од папочната врвца
24.8.2009 15:12:28   
Еца
Нешто што вреди да се погледне user posted image user posted image user posted image

http://www.youtube.com/watch?v=mUcE1Y_bOQE


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Матични клетки од папочната врвца
24.8.2009 15:14:33   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image колку убаво филмче..user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Матични клетки од папочната врвца
12.12.2009 13:38:41   
Julie1
МАТИЧНИ КЛЕТКИ ГО УБИВААТ ХИВ ВИРУСОТ
Истражувачите од Институтот за СИДА во Лос Анџелес (Универзитетот Калифорнија) покажаа дека матичните клетки во човечката крв кои се генетски модифицирани можат да ги убијат клетките инфицирани со ХИВ. Студијата која беше објавена во онлајн списанието „Pios One“ докажува дека модифицираните клетки можат да бидат генетски вакцини. - Со ова докажавме дека со помош на клетките може да го убиеме вирусот ХИВ, изјави водичот на истражувањето Скот Китчмен, од одделението за хематологија и онкологија на UCLA.

Овие студии поставуваат темел за понатамошниот развој кој вклучува лечење на оштетениот или неисправниот имунолошки систем кој е заболен од разновидни вируси кои предизвикуваат различни видови на тумори и болести

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Матични клетки од папочната врвца
12.12.2009 14:22:18   
Еца
Со матични клетки против HIV вирусот

Еден од првите обиди за генетска терапија во третирањето на смртоносниот вирус HIV во клиничките истражувања даде резултати кои ветуваат , стои во студија објавена во научното списание Nature Medicine.

Генетската терапија која е спроведена на 74 пациенти заразени со HIV вирусот даде одредени позитивни резултати, што пак дава огромна надеж за оние кои се заразени со смртоносниот вирус, тврди тимот на американски научници кои го вршеа испитувањето.

Високо активната антиретровирална терапија (HAART), како што ја нарекоа научниците својата нова метода, би требало да се зема секојдневно, а фактор на ризик е заразените клетки да станат отпорни на лекови, земајќи во предвид дека вирусот брзо се шири и развива, па ниту еден познат лек досега не покажал значајни резултати во борбата против него, додаваат лекарите.

Терапијата HAART се состои од вбризгување на матични клетки кои ја носат во себе молекулата OZ1, која ја запира репродукцијата на HIV така што ги блокира двата клучни протеини во заразените клетки.

Во првите неколку недели, терапијата не делувала, но после подолга пауза (од околу 100 недели) наодите од испитувањето на крвта на пациентите покажале зголемување на нивото на CD4+ клетките, кои се клучни во имунолошкиот систем и кои вирусот најмногу ги напаѓа.

„Генетската терапија со матични клетки е далеку од совршена, но дава надеж дека еден ден заразените од HIV вирусот ќе можат да ја контролираат болеста без земање на скапа алтернативна терапија каква што денес е достапна бидејќи постои можност „antihiv“ генот после некое време да продолжи таму каде што сегашната терапија запира“, вели авторот на студијата, професорот
Ronald Mitsuyasu.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Матични клетки од папочната врвца
16.12.2009 8:03:14   
Еца
Неверојатни се достигнувањата со матични клетки.  Истражувањата покажуваат позитивни резултати и во третманот на други заболувања и се предвидува дека во блиска иднина матичните клетки ќе се употребуваат и во многу други болести- срцев инфаркт, болести на крвните садови, мозочен инфаркт, повреди на мозокот, корнеални оштетувања, автоимуни заболувања, шеќерна болест, мuлтиплекс склероза, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и други.

Спред најновите истражувања матичните клетки можат да обезбедат материјал потребен за лекување на срцеви аномалии кај бебиња. Повеќе клик тука


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Матични клетки од папочната врвца
23.12.2009 12:22:07   
mili4kask
Ova e navistina mnogu ubava rabota, obezbeduvanje na sigurna zdravstvena sostojba na vaseto dete vo naredinte godini, sto na nekoj nacin znaci vlozuvanje vo negovoto zdravje

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Матични клетки од папочната врвца
4.1.2010 0:15:56   
ripce
Папочната крв е термин кој се однесува на крвта која останала во папочната врвка и плацентата по раѓањето. Клетките од папочната крв ја имаат моќта да ги лекуваат истите болести како и коскената срцевина, а со значително помалку шанси да бидат отфрлени. Папочната крв се собира откако детето ќе се роди и ќе се подврзе и исече папочната врвка. Тоа е безболно и безбедно. Откако папочната крв ќе се собере и депонира, клетките се веднаш спремни за трансплантација. Голем дел од 10 000 лица годишно кои не можат да најдат трансплантант на време се деца.

Години на медицински истражувања не доведоа до изненадувачко откритие: крвта во папочната врвка на бебето. За прв пат употребена како трансплантант во 1988 година, крвта од папочната врвка е богат извор на клетките носители на имунолошкиот систем кои можат да се користат во терапија на повеке болести опасни по живот како што се леукемијата и други видови канцер, и крвни и имунолошки заболувања. Само во последните неколку години стотици акутно болни пациенти се здобиле со терапија благодарение на ова огромно медицинско достигнување.

Приближно 25% од овие трансплантанти се добиени од браќа/сестри, а остатокот потекнува од донираните примероци од папочна крв. Бидејки се повеке семејства ја зачувуваат својата папочна крв, било да е тоа со донација или приватно ускладиштување, овие бројки се очекува драматично да се зголемат. Според Журналот на Американското Лекарско Друштво, секоја година околу 10-15 000 американци на кои им е потребен трансплантант на коскена срцевина не се во можност да најдат соодветен давател. Папочната крв е алтернативен ресурс на трансплантат. Ширум светот во текот на 2000 година се извршени повеке од 2000 трансплантации на папочна крв.

Зошто докторите се повеке се насочуваат кон папочната крв наместо коскената срцевина?

Подобро соодветствува-поголемо преживување

Коскената срцевина поретко соодветствува помеѓу давателот и примателот бидејки ретко може да се добие соовршено совпаѓање. Имунолошките клетки на папочната крв пак, се помалку зрели отколку тие на коскената срцевина и можат успешно да се користат дури и кога има само пола-компатибилност. Ова значи дека има повеке шанси трансплантацијата да успее помеѓу членовите на семејството кога се чува папочната крв. Некои истражувања покажуваат дека процент на општо преживување кај трансплантати од родини е повеке од двојно отколку кај трансплантати од даватели кои не се роднински поврзани.

Достапност во секој момент
Ускладиштување на папочната крв обезбедува овие клетки да бидат достапни во секој момент ако се потребни за терапија. Рана терапија на многу болести може да ја минимизира прогресијата на болеста. Според истражувачите на Универзитетот Дуке, трансплантатите од папочната крв можат да обезбедат преживување кое е многукратно подолго кај даватели кои не се роднински поврзани.

Поретко отфрлање
Општо земено, пациенти кои примиле трансплантати од папочната крв од роднина многу поретко имаат ГВХД (болест "трансплантат против домаќин")-отфрлање на трансплантатот, кое е водечка причина за смрт кај пациенти со трансплантати на коскената срцевина. Според една студија, тригодишна кумулативна инциденца на хроничен ГВХД била 6% за компатибилни роднини кои примиле трансплантати од папочната крв наспроти 15% кај компатибилни роднини кои примиле трансплантати од коскена срцевина.

Умбиликална папочна крв
Штом ќе се роди бебето, се пресекува папочната врвка која го поврзува бебето со мајката. За време на бременоста, папочната врвка е главен извор на храна за бебето, но при породувањето таа се пресекува и отфрла. Ова сега е сменето затоа што со тек на време истражувачите откриле дека крвта од папочната врвка е најдобар извор на матичните крвни клетки. Тоа се неспецијализирани крвни клетки, вклучувајки ги црвените и белите крвни клетки и крвните плочки. Овие матични клетки се од есенцијално значење при обновување на крвта во човековото тело. Тоа е ефикасен лек за болести кај кои постојат имунолошки или крвни нарушувања
Денес постојат над 45 генетски болести за кои се знае дека можат да се лекуваат со трансплантат на матични клетки. Крвта од папочната врвка се користи како трансплантат исто како и коскената срцевина. Единствената разлика е што крвта од папочната врвка потекнува од самиот давател и е покомпатибилна со организмот. Кога заради силно зрачење или цитостатици се оштетуваат клетките од коскената срцевина кај пациентите, матичните клетки можат да го надоместат тоа.

Крвта од папочната врвка има мала зафатнина, само околу 90мл. Мора да се екстрахира веднаш по раѓањето на бебето и се чува замрзната во приватни или јавни банки на крв. Крвта се чува само ако се има дозвола од родителите и може да се чува приватно или да се донира во јавна банка. Бидејки папочната крв која се користи за регенерација на матичните клетки може да биде поефективна и поевтина отколку користење на коскена срцевина, се прават обиди да се развие програма за донација на папочната крв на сличен принцип како програма за донација на коскената срцевина.

< Поракaта ја уредил ripce -- 4.1.2010 0:16:14 >

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Матични клетки од папочната врвца
3.3.2010 9:59:44   
caci20
Банките за матични клетки, односно фирмите кои нудат чување на клетки од папочната врвца на новороденчињата и ветуваат чудесни излекувања со истите подоцна во животот, всушност ја лажат јавноста, тврдат водечките американски научници.
Оваа услуга ја нудат клиниките во многу земји, а и солидно ја наплатуваат. Клиниките во Тајланд, на пример, чувањето на матични клетки од неонаталната папочна врвца го наплатуваат 3.600 долари, убедувајќи ги родителите дека на тој начин инвестираат во еден вид на здравствено осигурување за своето дете. Но, дали е тоа навистина така?
Ирвинг Вајсман, директор на институтот за биологија на матични клетки и регенеративна медицина од универзитетот Станфорд во Калифорнија, смета дека родителите се изманипулирани од “банкарите“.
„Папочните врвци содржат матични клетки кои можат да формираат крвни клетки потребни за крвотокот кај многу малите бебиња. Од нив може да се создадат и мезенхимални клетки кои имаат исклучителнио ограничен капацитет за создавање на лузни, коски и сало, но не и за создавање на мозочни, срцеви или мускулни клетки. Тоа е факт, без разлика на она што банките за матични клетки го тврдат“, изјави Вајсман за новинарите за време на годишниот собир на Американската асоцијација за унапредување на науката (American Association for the Advancement of Science). Тој додава и дека “не верифицирани клиники за терапија со матични клетки функцуионираат во бројни земји кои имаат слаби медицински регулативи“.
“Тие ја изведуваат терапијата, а потоа ги препуштаат пациентите сами на себе, “полесни“ за 50.000 до 150.000 долари и со терапија која не нуди никакво подобрување“, вели Вајсман.
Интернационалното здружение за матични клетки во април ќе објави извештај за дискутабилните терапии со матични клетки, како што е чувањето на крвта од папочната врвца на бебињата за идна медицинска употреба.
И.Е. | Кајгана

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Матични клетки од папочната врвца
3.3.2010 11:00:11   
Annabel
Ние многу читавме околу зачувувањето на матичните клетки....навистина бидејќи сме лаици многу размислувавме и се консултиравме со медицински лица....сепак на крај се решивме дека ќе земеме.


Сакав да прашам нешто, дали во другите градови во Македонија е организирано земањето на матични клетки?

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Матични клетки од папочната врвца
9.5.2010 10:49:20   
beki RR
Ме интересира нешто во врска со матичните клетки.
Во америка започнати се клинички студии со матицни клетки од сопствена папочна врвца за третирање на деца со церебрална парализа.Се очекува д асе докаже дали матичните клетки имаат способност да го поправт мозокот. Исто така започнати се клинички студии соп матични клетки од папочна врвца од брат или сестра(исто за церебрална парализа).
Е сега мене ме интересира, дали ако се зачуваат матичните клетки од папочна врвца во Крио сејв ќе може да се користат и во Америка ,доколку некој одлучи таму да оди па да ги искористи.
Прочитав дека може да се користат секаде низ Европа,па ме интересираше како етоа регулирано ако некој одлучи да го носи детето во америка и сака да си ја искористио папочната врвца.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Матични клетки од папочната врвца
10.5.2010 9:53:57   
Annabel
Би требало да може, зашто во компанијата каде што ние ги зачувавме ни рекоа дека ги транспортираат секаде во светот каде што би се правела интервенција со матични клетки. Инаку не гледам причина зошто би се зачувувале матични клетки.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Матични клетки од папочната врвца
11.5.2010 13:50:25   
drMarija
Edna od glavnite prednosti na Cryo-Save, kako internacionalna banka, koja ima dobieno akreditacija za tkivna banka od EU zatoa sto raboti spored Evropskata regulativa za covecki tkiva i organi, e toa sto moze da oslobodi maticni kletki na svoite klienti za tretman i istite da gi dostavi vo bilo koj akreditiran medicinski centar ili bolnica vo svetot (znaci i SAD) i da e sigurna deka toj materjjal ke bide prifaten za terapija, tokmu zaradi toa sto gi pocituva internacionalnite standardi na rabota i dobila akrediitacija od Holandskoto ministerstvo za zdravtsvo. Vsusnost, bankata veke ima osloboduvano primeroci za lekuvanje na leukemii i limfomi, ne od Makedonija no od drugite zemji kade e prisutna (38 zemji na 3 kontinenti). Ima uste tolku mnogu da se zboruva za prednostite na Cryo-Save kako banka za maticni kletki-vde lokacii na cuvanje vo dve drzavi, najgolem broj zacuvani primeroci vo Evropa, edinstevna na koja EU i ukazuva doverba za proekti za podobruvanje na tehnikite na cuvanje i razvoj na novi  terapii....blagodarni sme sto i nie vo Makedonija imame moznost da zacuvame kletki vo seriozna i sigurna bankauser posted image
Se nadevam deka ova rascisti del od dilemite
Ubav den! user posted image


(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Матични клетки од папочната врвца
30.5.2010 0:55:15   
sinolicka
koga jas se porodiv gi zacuvavme mat.kletki od papocnata vrvca na nasiot sin vo helt med vo solun.ovde na forumov citam samo cryo-save se spomnuvaat i se falat.ke ja molam dr.marija da mi kaze dali stanuva zbor za monopol ili dali nie sme napravile pogresen izbor.nekako pocna da me faka panoka a sto ako sme zgresiliuser posted image se nadevam deka samo panicam.blagodaram

(Одговор на членот drMarija)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Матични клетки од папочната врвца
30.5.2010 12:00:37   
macci

ИЗВОРНА ПОРАКА: drMarija

Драга Тања,
враќањето на матичните клетки кога ќе бидат потребни за третман е бесплатно, било каде во Европа, односно се плаќа само авионски билет за медицинското лице, кое ги придружува, доколку треба да се достават било каде надвор од Европа. За цената на третманот не може однапред да се каже, тоа зависи од типот на третман и болест за која би се користеле. Но доколку зачувате матични клетки сега, во секој случај сте во предност, бидејќи при подоцнежниот третман од Вас ќе бараат покрај други трошоци, плус и плаќање на третман за добивање на матични клетки од самиот пациент или друго лице. На пример, ако се работи за леукемија, ќе треба прво да се бара донор, да се плати испитување за да се утврди дали е соодветен да донира клекти, да се плати пункција на коскена срцевина-за добивање на клетките, нивна обработка-тоа се и големи трошоци, но и големо губење време(кое некогаш го нема) а и несигурност дали воопшто ќе постои соодветен донор. Вака барем сте сигурни дека детето има сопствени клетки на располагање, кои по потреба ќе бидат доставени во рок од 48 часа, доставени во специјален мал фрижидер, придружени од лице од банката, кое ќе ги подготви-одмрзне за употреба. Не постои причина зошто не би можеле да се употребат и во Македонија, бидејќи третманите, при кои најчесто во моментов тие се користат( за болести на крвните лози) се вршат и овде; значи место матични клетки од коскена срж ќе ги употребат сопствените клетки на пациентот. Но, за поспецифични заболувања, за кои сеуште широко не се употребуваат, ќе мора да се отпатува во некои од референтните центри, каде експертите, кои имаат соодветно искуство ќе извршат третман. Ова се пред се почетоци на такви третмани, кои во иднина ќе се усовршуваат и стандардизираат, така што само храбро и да им дадеме време на научниците, зошто во наш најдобар интерес е да не се избрза, туку да се сигурни третманите. Во меѓувреме, да ги зачуваме матичните кетки, зошто оваа технологија на употреба остава место за надеж, дека наскоро ќе користат во третман на многу болестиuser posted image user posted image user posted image

здраво докторке,ова се е ок со матичниве но ме интересира недај боже да затребаат колку е цената на тие болести што можат да се излекуваат со матичните клетки?дали ќе може некој брачен пар да си дозволи лекување со над 100 000,200 000 ако не и повеќе илјади евра(ова со бројките зборам на памет,затоа ги поставив како пример).
што ако немаме пари за скап третман на болеста а имаме матични клетки?тогаш џабе би биле матичните клетки?
збориме за 20 години ...медицината одела напред...се тоа е пак ок,но после 10-15 години може нема да ни требаат матични клетки,може медицината ќе напредне толку многу што ќе најде лек за повеќето неизлечливи болести?
сакам да ја слушнам онаа друга приказна...другата страна на размислувањето...ова со матичните клетки е супер приказна,што понатаму...ова стана како некој вид мода(матични клетки)
сакам да отвориме дебата со сите можни прашања во врска со матичните клетки,бидејќи ние ќе треба да решиме најбрзо што можеме.не е голема инвестиција околу 500 денари месечно во наредните 20 год.

(Одговор на членот drMarija)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Матични клетки од папочната врвца
30.5.2010 12:09:21   
macci
за овој пример зборев др Марија,го најдов на друг сајт извор: http://www.roditeliideca.com.mk/forum1/59---/61489-------#61489
а верувам има и други примери,каде е тука розовата приказна за матичните клетки?

На Александра во февруари 2001 година, на 21 годишна возраст и е дијагностицирана ретка болест ACUTE BIPHENOTYPIC LEUKEMIA. По лечењето на Клиниката за Хематологија во Скопје, постигнува комплетна ремисија и во 2002 и е направена автологна трансплантација на матични хематопоетски клетки. Седум години подоцна, во март 2009, еден месец по раѓањето на нејзината ќерка Катерина, болеста се повторува. После 8 месеци, Александра успева да се избори и во октомври 2009 по втор пат е направена автологна трансплантација. Но, за жал, за само 5 месеци доживува втор релапс на ова тешко заболување.

Овој пат има уште една, последна шанса, итна алогена трансплантација од несроден дарител во странство. Лекувањето чини 250.000 евра, од кои Александра и нејзиниот сопруг Владимир Георгиевски треба да уплатат 50.000 евра. Затоа им треба нашата несебична помош, со што ќе дадеме шанса за нов живот на еден борец, кој со оваа тешка болест се бори речиси 10 години. Со тоа ќе им овозможиме на нивната едногодишна ќерка да ја запознае мајка си, бидејќи таа расте без неа поради долгата хоспитализација.




< Поракaта ја уредил Julie -- 19.8.2010 16:48:02 >

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Матични клетки од папочната врвца
31.5.2010 21:29:27   
macci
додека ја чекаме докторката да одговори ,има ли некој/а што сака да дебатира на оваа тема?

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Матични клетки од папочната врвца
2.6.2010 12:30:56   
macci
уште нешто не ми е јасно...немам ништо против би-мек,
но они убаво го опишуваат процесот на чување на матични клетки,убави примери за иднината на нашето дете ......НО,не кажуваат колку случаеви и колку проценти се имаат спасено од употребата на матичните клетки,и не кажуваат колку се движат цените на истите болести што они ги рекламираат дека би се лечеле со матичните.за да промовираат и рекламираат нешто вакво мора да има факти.
јас од нивна страна само гледам пропаганда=бизнис и ништо друго.
ова нека биде провокација за да ме убедат дека не ги давам парите за ништо односно за да профитира некој врз маката на другиот.
слушам брачни парови земале кредит за да уплатат за матични клетки......значи влагаат во кредит до гуша,за да пример:утре ден немаат пари да го платат лекувањето на своето дете кое кошта над 100 000 евра?
која е логиката?
се надевам дека некој овластен од БИ-МЕК конечно ќе ми одговори на моиве прашања.


< Поракaта ја уредил macci -- 2.6.2010 12:34:16 >

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Матични клетки од папочната врвца
2.6.2010 13:41:02   
macci
цитирам:Сетот за колекција ќе биде превземен од страна на овластено лице од Би-МEK и со лиценциран меѓународен сервис за транспорт ВЕДНАШ ќе биде доставен директно до лабораториите на банката за матични клетки - Cryo-Save во Брисел.
колку време е тоа ВЕДНАШ?ден,два...?
зар нема да изумрат матичните клетки до тогаш?

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Матични клетки од папочната врвца
4.6.2010 13:57:11   
Belo_Oblache
Драга Маци,

Ја разбирам твојата загриженост и ја поздравувам твојата иницијатива да се дискутира и да се разгледа и другата страна на оваа тема. На почеток сакам да се оградам од секаква поврзаност со Би-Мек, или било која друга компанија која се занимава со презервација и транспорт на крв и ткиво од папочна врвца, јас сум идна мајка, која исто како тебе многу чита и се интересира за „другата страна“, не сум медицинско лице и не би сакала да се добие впечаток дека моето мислење е стручно. Во отсуство на одговор од некој од претставниците на Би-Мек, јас сакам да го споделам моето искуство од истражувањето за чување матични клетки, кои прашања ги поставив на вработените во банките за матични клетки и како стигнав до одлука каде да ги зачувам матичните клетки од моето сеуште неродено дете.

Прво, јас од поодамна имам позитивен став околу чувањето на матични клетки. Колку повеќе читав, толку повеќе сфаќав дека сакам да зачувам мат. клетки за моето дете. Освен извесни етички проблематизирања околу земање матични клетки од абортирани фетуси, други негативни страни од чувањето клетки не сретнав. Точно е дека третманот на болести со матични клетки сеуште е во почетна фаза (мислам дека истражувањата интензивно почнале да се прават од 2000 год.), меѓутоа, општото мислење на научниците и лекарите кои специјализираат по ова прашање е крајно оптимистично и ветува многу. Доколку медицината во наредниве 20 години успее да најде лек за некои од најлошите болести на денешницата, јас верувам дека матичните клетки ќе имаат значително голема улога во тоа. Или, ајде да го поставиме прашањето обратно, што ако имаш пари за скапо лекување, ама немаш зачувано мат. клетки од твоето дете? Губиш време, кое никогаш го нема, во обид да се најде соодветен донор и пак немаш сигурност дека третманот ќе е успешен и дека телото нема да го отфрли. Овој процент во случај на користење на клетки од исто дете е значително поголем и ветува многу поголема успешност во третманите.  Секако, тоа не значи дека во меѓувреме ќе слушаме само позитивни примери за лекувањето со матични клетки, сигурно дека ќе има и неуспешни примери, како овој што го цитираш ти, меѓутоа кој би можел со сигурност да тврди дека дури и една најрутинска операција на слепо црево, на пример, не може да тргне на лошо. Животот не секогаш зависи од напредната медицина...

Сакам исто да ти одговорам и на прашањето околу цените на третманите со матични клетки. Тоа се секогаш скапи третмани, и ретко кое семејство може да си дозволи да плати таков третман, но во заблуда си ако мислиш дека тоа ги интересира банките за чување мат. клетки. Побарај од било која банка да ти испратат договор за презервација и транспорт на матични клетки, чисто да добиеш идеја како изгледаат тие договори, која банка што нуди, и за ШТО ВСУШНОСТ ПЛАЌАШ. Договорот кој јас го потпишав, освен услугите земање примерок, транспорт, процесирање крв и ткиво од папочната врвца на бебето, како и чување на истите во одреден период (10, 20 години), друга обврска кон тебе како клиент немаат. Секако, доколку има потреба од користење на матичните клетки, тие имаат обврска да ги транспортираат истите до било која дестинација по потреба на клиентот, услуга која исто така се напаќа. За тоа всушност плаќаме Маци, и затоа не верувам дека ќе добиеш одговор на прашањето за статистички податоци на успешност во лекувањето со мат. клетки, или пак какви се цените на третманите со мат. клетки, тоа едноставно не е нивна обврска, иако и јас би сакала да го знам ова.

Во однос на прашањето околу времето за транспорт, меѓународните медицински стандарди дозволуваат човечки примерок од овој вид да биде транспортиран во рок од 48 часа, инаку истиот нема да е употреблив. Во однос на ова прашање, ги имаш сите права да добиеш одговор. Лично јас сакав да знам кое е името на акредитираната компанија која ќе врши превоз на примерокот и дали е специјализирана за транспорт од овој вид, во какви услови ќе се врши транспортот (дали компанијата која врши транспорт има обезбедено посебни услови за транспорт на човечки материјал), дали временските услови може да влијаат врз примерокот.... Компанијата која ја избрав ми даде задоволителни одговори на сите мои прашања и ме уверија дека досега немале искуство со ненавремена достава, дури и кога европските аеродроми беа затворени, тие примерокот го доставиле по копнен пат.

Одговорот стана премногу долг, и за да скратам, сакам да ти ја препорачам (како и на сите други заинтереситани мајки и татковци) следнава веб страница: http://parentsguidecordblood.org/
Овие прашања ќе ти помогнат да ја избереш најдобрата банка за чување на матичните клетки од твоето дете: http://parentsguidecordblood.org/content/usa/banklists/questionnaire.shtml?navid=18
Веб страницата започнала да ја уредува мајка која ја изгубила својата 5 годишна ќерка од рак. За второто дете донела одлука да зачува матични клетки, и сите истражувања почнала да ги објавува на оваа страница. Подоцна, во 2007 станува непрофитна организација и основан е Борд на Директори (специјализирани лекари од оваа област), како и стручни научни и медицински советници.

На крај, ако некој сака да знае која банка за чување мат. клетки ја избрав, молам да ме контактира преку ПП.

Синоличка, нема потреба да се плашат мајките дека донеле погрешна одлука кога решиле да зачуваат мат. клетки во една или друга банка. Никој не згрешил, не сомневај се во твојата одлука и уживај!


(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Матични клетки од папочната врвца
5.6.2010 10:32:05   
macci
здраво бело облаче,благорадам за одговорот,долго чекав некој да одговори на моите прашања,се надевав на некој од би=мек но ете за одговори ги нема.
сватив дека се само банка за чување на матични клетки,но тогаш како банка нека се рекламираат.
веќе кога набројуваат разни научни достигнувања имам чуство дека работат и на тоа поле,прават научни експерименти и слично.
веќе кога напишале што може да направат матичните клетки би можеле и орентациона цена да стават...никој не бара конкретна цена.но да имаат престава идните корисници.

имам чуство дека е само бизнис,кога сум на нивниот сај толку многу ми наликува на добро смислена реклама=пропаганда

кога веќе збориме за напредокот на медицината во наредните 20години,можеби нема да им требаат матични клетки,може ќе напредне толку медицинта што нема да има потреба од истите.


имаме ли друга добра опција освен би-мек,св.лазар,солун...и уште незнам кој други?

< Поракaта ја уредил macci -- 5.6.2010 10:40:54 >

(Одговор на членот Belo_Oblache)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Матични клетки од папочната врвца
5.6.2010 11:23:41   
niki
Ние не зачувавме матични клетки, од проста причина што тогаш не наидовме на информации и не го разгледувавме тоа како можност, но за второ дете веројатно би сочувале

ИЗВОРНА ПОРАКА: macci

сватив дека се само банка за чување на матични клетки,но тогаш како банка нека се рекламираат.
веќе кога набројуваат разни научни достигнувања имам чуство дека работат и на тоа поле,прават научни експерименти и слично.
веќе кога напишале што може да направат матичните клетки би можеле и орентациона цена да стават...никој не бара конкретна цена.но да имаат престава идните корисници.



А како би те навеле да сочуваш матични клетки, ако не знаеш, ако не ти кажат за што би можеле да ти послужат?
И неможе некој да става цени па ни ориентациони за дејност која не ја извршува. Впрочем тоа мене ништо не ми менува, ако детето ми се разболи ќе гледам на било кој начин да го излечам и нема да се прашувам дали е скапо или евтино. Исто важи и за матични клетки, ги чуваш за да ги имаш ако недај боже ти затребаат, тие не се бизнис потег па да се мери дали утре ќе имаш или ќе немаш средства да ги искористиш. Кога се работи за здравје луѓето се ќе направат и ќе се снајдат. Сигурно некој нема да се откаже од борба само затоа што третманот е скап.

ИЗВОРНА ПОРАКА: macci


имам чуство дека е само бизнис,кога сум на нивниот сај толку многу ми наликува на добро смислена реклама=пропаганда

кога веќе збориме за напредокот на медицината во наредните 20години,можеби нема да им требаат матични клетки,може ќе напредне толку медицинта што нема да има потреба од истите.



Кога некој вложува во еден бизнис, очекува и профит, а за да дојде до него мора и да се рекламира. Не гледам ништо спорно во тоа, дури и кога се работи за медицина.
А за иднината никој не може да ти гарантира. Матични клетки може да не ти требаат бидејки ќе се најде лек, но и бидејки никојпат нема да ти се разболи детето. Што значи од оваа позиција сега едноставно се работи за одлука за или против и ако е за каде, или поточно дали играш на сигурно и се трудиш да имаш се што може да ти послужи и помогне,ако затреба или играш на среќа и се надеваш дека ништо лошо нема да те снајде. Како и да е во двата случаја исходот е неизвесен.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Матични клетки од папочната врвца
5.6.2010 12:08:18   
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: macci

се надевав на некој од би=мек но ете за одговори ги нема.


Мацци драга, без разлика за кого се работи молам за подобар тон во дискусиите... Сите доктори со кои почнавме сорабтока и на друго поле не само за матични клетки, немаат доволно време да редовно одговараат на прашања и одговорите секогаш следат покасно.Во тој поглед молам за разбирање!

ИЗВОРНА ПОРАКА: macci

сватив дека се само банка за чување на матични клетки,но тогаш како банка нека се рекламираат.
веќе кога набројуваат разни научни достигнувања имам чуство дека работат и на тоа поле,прават научни експерименти и слично.


целта на сите едукативни материјали е ние да се едуцираме, а како ние тоа го чуствуваме е премногу субјективно да се каже

Се надевам дека севоова најдобронамерно ќе го протолкуваш.

< Поракaта ја уредил Admin -- 5.6.2010 22:53:55 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Матични клетки од папочната врвца
5.6.2010 22:35:18   
macci
не ми се верува колку сум ви драг user posted image
имате грешка,не сум ви драга маци туку драг маци.машко сум.
и вие мене сте ми драги морам да признаам,се надевам дека жена ми кога ќе го чита ова нема да се наљути user posted image

се надевам и би сакал никој никогаш да нема потреба да ги искористи матичните клетки.


п.с.поздрав до бело облаче за нејзиниот голем пост и провери си имаш приватна порака-чекам одговор.

< Поракaта ја уредил macci -- 5.6.2010 22:38:26 >

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Матични клетки од папочната врвца
5.6.2010 22:39:10   
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: macci

не ми се верува колку сум ви драг user posted image
имате грешка,не сум ви драга маци туку драг маци.машко сум.
и вие мене сте ми драги морам да признаам,се надевам дека жена ми кога ќе го чита ова нема да се наљути user posted image

се надевам и би сакал никој никогаш да нема потреба да ги искористи матичните клетки.
п.с.посебен поздрав до бело облаче за нејзиниот голем пост и провери си имаш приватна порака-чекам одговор.

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

Епа Мацци стави си пол во профилот, ќе те грешам кога многу се ретки смелите идни или сегашни татковци да ни пишуваат. Нека не се лути женати сепак си ни ДРАГ. Се извинувам за грешката!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот macci)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Матични клетки од папочната врвца
6.6.2010 1:23:53   
Belo_Oblache
Julie, една добронамерна сугестија..
Го следам баш овој форум зошто за разлика од некои други нивото на култура и взаемна почит е доста високо. Исто така, уредувачите и администраторите вршат одлична работа.
Затоа мислам дека како што реагиравте во однос на Macci, требаше да реагирате и во однос на Sinolicka, која оправдано се почувствува параноично зошто од оваа тема се добива впечаток дека се фаворизира одредена банка, во однос на другите. Сепак, оваа тема не се однесува на само на Би-Мек и нивните услуги.

Поздрав!

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?