Octavia -> RE: Сакам развод! (12.10.2010 0:15:25)
|
Мамавеки, очигледно многу работи не штимаат кога ти дошла до тука мислата. Сигурно не ти е лесно, зборот може најдлабоко да заболи, знам. Некои работи ги знаеш само ти, на пр. дали бил таков и пред да се венчате? Ако бил, нема што да се чудиш. Мажите во бракот се менуваат, ама обично на полошо. Дали со сите е груб, или само со вас? Дали само во лутина ти кажува да си одиш, или навистина го мисли тоа? Во лутина сите кажуваме работи што не ги мислиме и во бракот научив да не носам одлуки додека сум/сме лути. Си зборувала ли со него? Си му кажала ли дека ќе го растури семејството ако продолжи така? Направи си проценка дали во тој брак има повеќе лоши или повеќе добри работи. Ако има повеќе лоши или ако се е лошо, а нема шанси за напредок, поарно дури си помлада да се решиш. Имам неколку разведени другарки, и сите најмногу се каат за една работа-што не се развеле порано. Да бидам фер, имам и една другарка која е во дилема, па понекогаш се прашува да не избрзале со разводот, се мисли дали можеби требале да пробаат повеќе да го спасат бракот. И две од нив после разводот мораа да работат се, чистеа куќи, се бореа, иако имаат завршено факултет. Не те плашам, само сакам да ти дадам реални примери. Разводот не е лесен, но животот во пекол е уште потежок. И никој нема право да ти каже „Истрпи, има и полошо“ (омилената македонска утеха). Ти си знаеш колку трпиш и колку можеш. Само да знаеш, разводот и емотивно и финансиски ќе биде тежок. Ќе те боли и кога детето ќе те праша „каде е тато, зошто не е со нас?“. Ништо од тоа не е лесно, затоа размисли трезвено што сакаш. Ако е период, можеби ќе помине, сите имаат кризи. Но ако било така порано и ако уште е така... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|