фотографирање на вашите дечиња (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


mama26 -> фотографирање на вашите дечиња (9.10.2010 22:39:07)

една мајка ми има оставено голем впечаток.во ташната си носеше камера и секогаш го сликаше детенцето.јас мислам фотографиите се многу важна работа во животот.нешто на што неможат да се сетат вашите деца ,како растеле ,како се однесувале,со кого се дружеле,како изгледале.мозеби во моментот не им е битно ама кога ке пораснат си бараат слики што повеке...јас не го сликам секој ден.,но кога ке земам камерата незнаам да прекинам,пример родендени прослави,излети,едноставно не ме задоволува една или 5 слики на апаратот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Mila mamicka -> RE: фотографирање на вашите дечиња (21.11.2014 15:28:17)

Јас многу сакам да го фотографирам син ми. Досега, има 2 и пол години, сигурно имам направено над 5000 фотографии од него. Можеби не го фотографирам секој ден, ама гледам да го следам неговото растење, и кога ќе порасне ќе му биде интересно да ги гледа тие фотографии. Исто така, купивме и камера, и со неа често знам, без некој посебен повод, да снимам клипчиња, тие секако ќе му бидат поинтересни кога ќе порасне и ќе гледа колку бил интересен како мал.




AneLav RR -> RE: фотографирање на вашите дечиња (21.11.2014 16:01:26)

Јас во првите две години многу ги фотографирав, сега повеќе снимам клипови. Инаку ниту една слика немам извадено ако ми рикне компјутерот отиде све јабана. Порано беше убаво барем си го носиш филмот си го развиваш и готово.




caciana -> RE: фотографирање на вашите дечиња (23.11.2014 19:22:58)

Јас обожавам да правам фотографии...и скоро секоја минута од денот на дечките е фотографирана... Ги собирам сликите и ги режам на ЦД [sm=smiley1.gif]




Mila mamicka -> RE: фотографирање на вашите дечиња (24.11.2014 8:04:01)

Мене сите фотографии ми се ставени на цд, а од секој месец селектирам по 30 тина фотографии (некогаш и повеќе) и ги ставам во детски албуми, со датум и коментар на нив за да се знае од кој период се. Сега малку заостанувам, ама ќе почнам повеќе месеци наеднаш да ги вадам, за да стигнам до сегашно време. 




Anuska14 -> RE: фотографирање на вашите дечиња (24.11.2014 8:19:09)

Јас премногу користам фотоапарат-нема роденен или настан на кој присуствуваме а јас да сум присутна без апаратот. Сликам многу и вадам слики, наредени ми се во албум хронолошкии баш ми е убаво кога ги листам.
А кога се роди детулево мислам дека го сликав постојано-мм ми викаше дека го озрачив со тоа блицот[sm=jezicek.gif]




MamaKiki -> RE: фотографирање на вашите дечиња (30.10.2015 20:04:47)

сакам фотографии од малото ама никогас не претерувам кога беше мало одбегнував да сликам со блиц и ако имам само неколку убави , инаку вујко на мм е професионален сликар исто и комшивка се занимава со фотографија имам до сега 3 фотосесии направено плус роденден, крштевка имаше мн слики ама јас одбервам од сите по 20тина не трупам секој ден со апрат или ако нешто ми е интересно пример во парк на лизгалка да ги сликам суратчињата кои ги прави од возбуда и уплав [sm=smiley36.gif]




Страница: [1]