Mila mamicka -> RE: Јатрва ми... (24.4.2014 9:30:22)
|
Сеуште немам официјално јатрва, ама девер ми е во долга врска, и со неговата девојка се согласуваме супер. Сега за сега. Инаку е помала од мене 6 години, и секако за некои работи различно размислуваме. Сепак, сметам дека почетокот е многу важен, и мислам дека доколку и официјално ми стане јатрва, ќе имаме коректен однос. Јас сум прва снаа таму, и имавме долга врска со мм, па многу долго се знам со неговите, и плус живееме во заедница, ама не се чувствувам дека треба да си ја бранам територијата од идната јатрва. Баш напротив, мислам дека ќе направам се за таа да се чувствува добредојдена во семејството. Односите со девер ми, и пред неа, и сега, ни се супер, да не речам, како брат ми е, дури поблизок е со мене отколку со мм, и нема да дозволам никој да ни го наруши таквиот однос.
|
|
|
|