| 
				  Еца ->  RE: Паричен надоместок  (8.9.2009 15:01:47)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Потребни документи за повеќекратна помиш од државата за второ дете:      Најпрво ќе одите во меѓуопштинскиот центар за социјална работа кај Нова железничка и ќе земете барање за остварување на право на родителски додаток за дете.Кон барањето за остварување на правото се приложуваат следните докази:      1* Лична карта од мајката(фотокопија) со оригинал на увид, а за мајките со нови лични карти и доказ за постојано место на живеење со временски период на живеење во општината, издаден од МВР.      2* Доказ за државјанство на мајката      3* Извод од матична книга нха родени за детето      4* Изјава од мајката како поднесувач на барањето дека не живее и не работи во странство      5* Извод, односно изводи од матична книга на родени за детето, односно децата од претходниот ред на раѓање на децата спрема датумот и часот на раѓања, запишани во извод од матична книга на родени на детето.      6* Доказ  дека децата од претходниот ред на раѓањене се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување, издаден од центарот за социјална работа      7*доказ дека не и е одземано родителското право на мајката од претходниот ред на раѓање (ова уверение се зема од суд, ќе го барате со напишана молба од мајката, и се плаќа такса од 400 денари)      8* доказ за мајката за извршени задолжителни здравствено прегледи и контроли за време на бременоста  издаден од соодветна здравствена установа (мајчината книшка)      9* доказ за вршење на задолжителни вакцини на детето од претходниот ред на раѓање, како и на новороденчето (ке си го ископирате картончето од болница на кое има напишано дека ги примило првите две какцини уште додека е во породилиште      10*ете заборавив на фоткопија од лична карта на таткото и извод од матична книга на венчани      Ете ќе заборавев,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] сите овие документи се носат во социјалното кај Нова Железничка, таму ти даваат една потврда и земаат дел од док.па пак треба фотокопииод личните карти од родителите и фоктокопија од венчаницата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]па дури тогаш сите док, се носат во социјалното на вашата општина(во мојот случај социјалното во Кисела Вода)      Сите документи кои ги поднесувате да бидат фотокопии.Ако нешто не ви е јасно прашајте ме, бидејќи јас сега ги поднесував документите, па уште ми е се свежо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |