|
baby_bump -> RE: Непланирано ни беше? (31.12.2010 2:27:01)
|
Треба да се прави разлика меѓу непланирано (озбилна врска или брак, сакаме деца еден ден, но не баш сега, незаштитен однос, премногу опуштање) и несакано (пукнат кондом, силување, дечкото/мажот ја остава трудна жената намерно, без таа да се согласи за да ја задржи, за да не го напушти итн.) Инаку првото ми беше непланирано, дечко и девојка, 18 години, контрацепција Coitus interruptus, погрешно пресметани плодни/неплодни денови (ако може во пубертет да се одредат плодните денови!!). Додека за второто, 3 години се изнамачивме, богами ептен беше планирано. Значи еве ви две сосема спротивни ситуации кај една иста особа. Немојте да се чудите на таа фраза “непланирано“, некогаш мислиш дека знаеш се и можеш лесно да се зафркнеш кога не треба, а некогаш кога знаеш се, е тогаш тешко се фаќа. барем кај мене беше така...........
|
|
|
|