vezilka RR -> RE: Алкохол-средство за опуштање за правење деца-ДА или НЕ (6.9.2010 11:52:34)
|
Их, нема романтика кога си во циклус на потпомогнато забременување. Тогаш се ти е броено, толку денови пиеш апови, па толку денови чекаш да пукне фоликулот и после имаш тре дена да правиш дете, и така месец за месец кој знае колку време..Каде е тука романтиката? Да ви кажам искрено лани кога ние бевме во тој процес првите месеци се обидувавме да внесеме малку романтика..ама после се помина во чиста механика. Замислете денес нешто не ви е денот, уморни сте, болни сте или нешто било што, а свеки ви виси цел ден на глава и ви упаѓа у соба на секои 5 минути, а тој ви е денот за правење дете..и ај да видам кој може тука да внесе романтика..нема шанси! Во такви случаи една чаша вино и те како може да придонесе за опуштање..
|
|
|
|