blond -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (14.4.2011 23:06:14)
|
Јас си одлежав два дена во болница. Плацентата ми го покрива делумно грлото на матката и најверојатно поради тоа сум прокрварила. Инаку, бидејќи уште на почетокот си имав проблеми со крварењето, ништо тешко не кревам, не работам многу по дома, на работа не одам. Значи уживам. Како и да е, се излежав добро во болницата, се изнагледав свашта (од [sm=nosecka.gif] што лежеа поради многу повраќање, до жени со ембрион без срцева акција (кои чекаа на ред за чистење) [sm=smiley13.gif] Барем искористив да го пробам новово 4д ехо во болницава, само уште да знаеја да ракуваат со него докторите. Колку толку, си го видов [sm=duda.gif] и е со големи обравчиња, буценце е [sm=bravo.gif] А како изгледаат контракциите? Јас оптегање на стомакот чувствувам неколку пати во денот, ама мислам дека [sm=duda.gif] така ми го оптегнува стомакот.[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|