Mila mamicka -> RE: Кога родителите ги игнорираат проблемите на децата... (22.4.2014 15:07:57)
|
Фала му на Бога, имаме целосна подршка и од моите родители, и од родителите на мм. Значи подршка во секаква смисла на зборот, и финансиска и морална. Кога велам финансиска, не велам дека ни даваат пари (фала Богу не ни требаат, имаме доволно) меѓутоа, купуваат се и сешто, посебно за внукот. Досега не сме имале некои проблеми, за да ги игнорираат истите, ама знам дека се спремни секогаш да ни помогнат. Секогаш, ама баш секогаш, можам да се потпрам и на едните и на другите. Ако свекрва ми не може, од било која причина, да го чува син ми, а го чува цело време, одма е тука мајка ми да ускокне, ако не може брат ми да ми заврши некоја работа, ќе ја заврши девер ми. Искрено, се чувствувам благословена во тој поглед. Инаку во потполност се согласувам со постот на Тања погоре, откога добив дете, често се прашувам, како може некои родители да не им помагаат, туку напротив да им одмагаат на своите деца. Ги чуваме од мали, им се тресеме цело време, и на крај, кога ќе оформат семејство, да им го отежнуваме ли животот? Стварно не можам да ги разберам таквите родители.
|
|
|
|