|
Natasa981 -> RE: Тапети (29.8.2010 12:48:00)
|
Јас моите тапети ги купив во Home&Style, тука во Скопје. Нема нешто поубаво од нив како украс во станот. Имам на еден ѕид во дневна,на ѕид во ходник и еден во спалната соба..да можев некако да ги сликам па да ви ги покажам,супер се,посебно тие двата во дневна и ходник - како некоја текстура на ѕидот ,без некоја посебна шарка, му даваат посебен шмек на станот. Лесно се одржуваат,само со влажна крпа еднаш на 2-3месеци па дури ни тогаш зашто прашина скоро и да не фаќаат. Е сега цената е малку поголема на тапетите мислам воопшто, скапички се , а овде од кајшто ги земав се пакувани во мерка па неможеш да ги двоиш колку тебе ти треба,туку ги купуваш така спакувани.Мораш да имаш в предвид дека треба да се измери квадратурата на која сакаш да лепиш тапет и се рачуна и нешто плус да има ,зашто се прават и вишоци кои не се искористуваат..Ако добро се секавам ,јас моите ги земав околу 2.500 ден парче ( ме фати околу 130еур вкупно), ама не ми текнува за колку квадати беше пакувањето,знам дека не ми стигна доволно па докупував..инаку, цените се движат над 1800,1900ден најефтините..И плус нормално за мајстор да ти ги залепи,зашто дефинитивно сама неможеш да ги залепиш,иако изгледа едноставна работа. Мајсторот за лепење ни зема околу 80 еур. за трите ѕида.(ѕидовиве не ми се баш мали).Се на се, не баш ефтина инвестиција.
|
|
|
|