Maca25 -> Брусница (8.7.2010 22:30:25)
|
Брусница за здравје Во последно време брусницата предизвика вистински бум, ја препорачуваат нутриционситите, алтернативната медицина и лекарите. За некого можеби е премногу кисела бидејќи содржи многу витамин Ц, но нутриционситички гледано брусницата е вистинска ризница на заштитни состојки кои му помагаат на здравјето. Покрај класичните витамини, минерали и хранливи влакна, во брусницата се наоѓаат и бројни биофлавониди кои имаат силно антиоксидантно делување и го намалуваат ризикот од карцином, посебно на дојката и дебелото црево. Антиоксидантите, освен тоа помагаат и во превенција од болестите на крвните садови. Истражувањето на американскиот Национален институт за здравје покажува дека три чаши сок од брусница дневно го зголемува нивото на антиоксиданси за повеќе од 120 проценти. На тој начин се крева нивото на добриот холестерол (HDL) во крвта и се смалува ризикот од срцеви заболувања за цели 40 проценти. Киселината која се ноаѓа во брусницата е природен антибиотик, а и се препишуваат и антибактериски и антифугални својства. Антоцианинот и проантоцианинот од брусницата ги обновуваат клетките кои се одговорни за видот. Исто така, истражувањата покажуваат дека брусницата го спречува пропаѓањето на забите и настанувањето на кариес. Таа делува и на намалување на глукозата во крвта, што пак е корисно за дијабетичарите. Научниците открија зошто некои состојки од брусницата се толку многу силни против бактериите кои предизвикуваат бројни инфекции на уринарниот трак. Имено, флавоноидите од брусницата имаат посебно силно антибактериско дејство токму во овој дел од телото. Најчестата и најнезгодна бактерија за уринарниот трак е E. Coli која се лепи по должината на уринарниот трак. Но сокот од брусницата на некој посебен начин го спречува лепењето на опасните бактерии на клетките од уринарниот трак, па така урината многу лесно ги исфрла од телото. За да се спречи уринарна инфекција доволно е едена чаша сок или чај од брусница дневно. Истражувањата исто така покажаа дека брусницата ја уништува и Helicobacter pylori, која е одговорна за проблемите со варењето, а може да предизвика и чир на желудникот.
|
|
|
|