|
niki -> RE: Шеќер во исхраната на бебето (29.6.2010 9:41:38)
|
Во се што имам прочитано досега за исхрана на бебиња и мали деца стои да се избегнува шеќер и сол бар во првата година, а потоа да се внимава. Овошјето и самото си содржи шеќер и сметам дека е многу подобро детето да се навикнува на природните вкусови, а не да се учи на благо. Бидејки верувајте колку и да го избегнувате благото тоа на некоја возраст од 2-3 години ќе стане составен дел од нивната исхрана и дури ќе стане и проблем. А корист некоја од шеќер, посебно од белиот, мислам дека немаат, освен што може да заработат кариес. Ќерка ми ориз и ден денес го јаде чист без ништо, ни сол, ни шеќер. А лимонот колку е кисел го лиже од 10 месеци и ужива во неговиот вкус, сега го јаде исклучиво со месо. Јас не сум додавала во овошни кашички никогаш шеќер, а пудинзи почнав да давам далеку по 1 година од животот. И сум против додавање шеќер или мед во исхраната, во млекото кај бебиња.
|
|
|
|