Bitolcanka -> RE: Mила Рингераја, денес... (9.8.2010 0:34:46)
|
Најмила Рингераја, Овие два дена си поминав преубаво. Вчера (сега веќе завчера) милиот ме однесе на романтична вечера со музика во живо - пријатно ме изненади - останав без зборови... Јас, како и вообичаено, заради диетата, си порачав салатичка - мимоза, поткрепена со чин [sm=smiley1.gif] Цела вечер ми делеше комплименти - како таа вечер сум посебно убава, а јас се топев од среќа, црвенеев од срам и се заблагодарував како да се гледаме за прв пат [sm=smiley1.gif] Убавото расположение продолжи и денес. Ја посетив баба, си разговаравме, се гушкавме - се покаав што пред некој ден и' се развикав малку по телефон, ах колку си ја сакам ... Единствена внука, за мене живее - прости ми бабичке [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] Не знаеш колку те сакам [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Се радуваше за мене на моите убави вести, и' се полнеше срцето од радост [sm=smiley27.gif] Кога зајде сонцето се средив убаво, си го облеков фустанчето од баба, си го ставив новото шнолче - бело, невестинско, се погледнав во огледало - лицето ми зрачеше, во огледалото гледаше едно девојче во тинејџерските години, избезумено од среќа, исполнето со љубов и радост [sm=smiley1.gif] Се видов со мојата драга колешка, поразговаравме за се' (диетата беше неизбежна тема [sm=jezicek.gif] ), си ги кажавме маките, се поддржавме една со друга и се разделивме за наредна средба, можеби во домашна атмосфера. Се слушнав со мојот најмил, му кажав дека ќе одам кај другарка ми на роденден (рече дека е уморен, ќе остани дома), ветувајќи си дека подоцна повторно ќе се чуеме. Отидов кај другарка ми, и' го честитав роденденот, се видов со нејзината братучетка и останатите дојдени гости, се изнаприкажувавме, во дворот, опуштено, пријатно, а топлото, летно ветерче придонесе атмосферата да биде уште поубава [sm=smiley1.gif] Пријатни луѓе, пријатна музика, малку винце, малку кока-кола, малку грицки (јас бев внимателна - си го одржав сопствениот даден збор [sm=smiley1.gif]), опуштени муабети - прекрасно чувство ... Имаше уште 20-тина минути до полноќ, па станав да си одам. Моја Рингераја, од овие два дена сфатив дека љубовта надминува се, сите граници, сите препреки ... ја победува и најголемата ривалка - омразата. Човек со широко срце нема на јазикот ниту еден лош збор, не знае да завидува, да мрази ... знае само да сака, да помогне, да те сослуша, да се радува со тебе - тој е твој вистински пријател. Треба да се научиме да бидеме слободни, отворени, да даваме безрезервно, без да очекуваме нешто за возврат. Очекувањата болат, можат да донесат големи разочарувања. Животот е еден, треба да научиме да го цениме. Ситниците го прават животот убав ... Да не дозволиме една мала работа, еден непромислен збор или поглед со лицемерие да ни го упропасти денот, да влијае на нашето расположение, на нашиот живот. Ништо не е толку сурово како што мислиме - секогаш треба да погледнеме на подобрата страна, не е се така црно никогаш ... Секогаш можело да биде полошо, да се обидеме следниот пат повеќе да дадеме од себе и подобро да ја завршиме нашата работа, за да можеме да се насладуваме на успехот, да се заблагодариме сами себеси за нашиот труд. За светот можеби не сме ништо, но за една личност сме целиот свет. Те сакам РР [sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif]
|
|
|
|