elenak -> RE: Фобии кај децата (23.1.2013 14:19:28)
|
Ќерка ми во последно време се плаши од лаење на кучиња. Не само надвор, туку и од дома ако слушне лаење одма застанува што и да прави и со прст ми покажува демек ,,Слушај,,. И почнува да плаче и да се крие кај мене. Не знам што и е ова сега[sm=zmeden.gif] А инаку имаме дефинитивно проблем со страв од непознати луѓе. Знам дека е нормално за деца на нејзина возраст ама ова не ми се допаѓа, не само од тотално непознати, туку од сите луѓе се плаши. Односно не знам дали е страв или што е ама не сака кај никого да оди. Еве денес девер ми ја зема да ја прошета, супер била цело време, шетале низ град кога на 5 мин од дома почнала да му вришти. Буквално вриштеше кога ја донесе, а тој кутриот жива вода од што брзал да стигнат поскоро. И додека не излезе тој не прекина да плаче, дури и поврати[sm=zmeden.gif] А само после 5 мин откако се смири почна да пее. Истово се случува и кога одиме во игротека, девојките што работат ја земаат кај децата, нема проблем, си игра некое време и после 10-тина минути почнува одеднаш да плаче. Само јас,мм, мајка ми, татко ми и една тетка на мм што доаѓа скоро секој ден откако е родена, никој друг не смее да ја земе ни да ја пипне. Не знам стварно како да го решиме ова, не сакам да биде толку ,,дива,,. Секако не би сакала и да оди кај било кого, и познати и непознати ама ова ептен не чини. Дали е само фаза или детево ми е размазено? Ако некој имал ваков проблем би сакала да ме посоветува.
|
|
|
|