Да и помогнеме на младата девојка Катица (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


Bogdancanka -> Да и помогнеме на младата девојка Катица (17.6.2010 12:38:21)

Ракот на матка кај Велешанка „побрз“ од магнетната резонанца во државното здравствоКанцер на матка, oвaа дијагнозата деновиве ја слушна велешанката Катица од лекарите во гинеколошката клиника во Скопје. Болеста брзо се шири. Побрза е од работата на апаратот магнетна резонанца на скопската онколошка клиника.

Дваесет и пет годишната девојка мора да чека три месеци за снимање. Со солзи во очите вели, дека тоа е предоцна за болеста што ја има и оти не разбира како државното здравство може да функционира со само два апарати за сите граѓани во Македонија.

Катица сака да живее. Волјата да ја победи болеста е единствената причина за која со празни џебови чукнала на вратата на приватна клиника. Таму лекарите велат дека испитувањата се итни, а операцијата мора да се изведе за две недели.

Во приватната болница испитувањата и операцијата чинат 6.000 евра. Овие пари болната девојка ги нема. Таа не работи, а без работа се и нејзините родители.

Броените денови, брзо минат. Токму за 14-сет треба да се случи операцијата на Катица, доколку таа успее да собере 6.000 евра.


Мобилен телфон за помош 071/ 588 421
еве го и видеото
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=61732

страшно колку се спремни нашите клиники[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]немам ,немам коментар може само да кажам страшно,значи ако немаш пари да палтиш приватно тешко да завршиш тоа што треба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]






Страница: [1]