miana -> RE: Семејно насилство (19.11.2013 8:54:29)
|
Добро утро женички.. Денес бил меѓународен ден за превенција од насилство врз децата. Јас да си ја кажам мојата тежина на душава,чекам и Ваша помош. Во одделението на мојата керкичка учи детенце кое што живее во наша близина. Девојчето живее со братче,татко и макеа.Мајкаи починала после нејзиното раѓање од карцином. Јас се понудив да ја земам и враќам од училиште бидејки ми е патем а и на некој начин дас помогнам бидејки живеат во многу лоша состојба. Во последно време на лицето девојчето забележавме ( и јас и свекрвами - бидејки и таа ги носи и зима кога јас сум на работа ) модринки.. Еден ден една модринка,друг ден отечен нос и сл. Почнавме да се сомневаме. свекрвами ја прашала макеата а таа и рекла дека детето паднало во училиште дека го забутела поголемите деца кога си одело од училиште. Свекрвами мене ме прашува дали паднало детево бидејки јас го земав претходниот ден,и велам- Не...Утре дента нова модринка на лицето на девојчето..Ја прашувам од што ти е модринкава ,таа вели - паднав. Свекрвами ја прашала макеата,таа и рекла дека паднала од лулашка. Реагирав кај наставничката,таа рече дека го забележала истотот,дека детево секој ден е со нова модринка на лицето и дека кога ја прашала макеата ( ние ја викаме мајка) таа рекла дека паднало детето. Јас вракајки ја дома на шала ја прашав малата - Кој те удри сега признај ..Таа вели - мама ме удри..Зошто те удри? Така..Беше немирна? Не,така ме удри..Ти плачеше? Не смеам да плачам,ако плачам пак е ме тепа. Тато знае дека те тепа? Таа вели - не.. Јас се избезумив,дојдов дома вртев во Меѓаши на СОС бројот,немаше никој ( до 16ч работеле) Помина викендот,вчера свеекрвами ги носеше во училипте и ми се јаво да ми каже дека има нова модринка на лицето. Се јавив во СОС,ми рекоа да пријавам во центар за социјална работа или во полиција. Бев јас да ги земам децата и наставничката ми кажа дека ги викнале кај педагпогот и нејзе и братчето и дека се си кажале ( и дека ги мава со главите во ѕид,и дека девојчето повеке го тепа ) Педагогот ја повикал да дојде на разговор денес,така им кажал на децата. Јас ја оставив малата,таа дотичната излезе,се затрча да го гушка девојчето ( а тоа преплашено сирото) и кажав дека наставничката ја повикала да се видат дека не ја гледа воопшто бидејки ние го носиме детево. ( по реаккциите забележав дека машкотот веке кажало дека биле кај педагогот и дека ги распрашувал) Јас девојчето вчера и го скликав ,ги сликав заедно со керками, и посебно за да имам доказ. Наставничката рече дека и во однесувањето детето се гледа дека е малтретирано ( агресивно е ) Сега ке чекам неколку дена,ако повторно ја видам тепана,ке ја пријавам госпожата право во центар за социјална работа. Ке го поканам девојчето кај нас на гости и кога ке и се оди во тоалет ке видам дали има модринки по телото ( може да претсане да ја тепа по лицето ) Педагогот имал намера да ја заплаши малце госпожава,ама мислам дека ке биде полошо за децава. Ете таква мака имам јас..неможам да спијам деновиве,постојано мислам на ова кутро детенце [sm=smiley19.gif]
|
|
|
|