Еца -> Постпородилни проблеми (15.7.2009 0:01:32)
|
Да се донесе дете на свет не е мала работа. Токму кога помисливте дека можете да здивнете после 9 месеци, се појави нов предизвик. Тука не мислиме само на улогата мајка, туку и на воведување на организмот во нормала. Во првите недели нека не ве загрижува променливото расположение, нападите на паника, депресија. За вашата емоционална стабилност одговорни се хормоните кои се обидуваат да се вратат во тек. Освен емоционалните дилеми, видливи се и физички промени. Не се плашете, штом издржавте до тука ќе го издржите и ова. Во текот на бременоста се собираат течности. После породувањето истекуваат во големи количини, отприлика 4 литри дневно. Во првите денови вашето тело ќе ги исфрла остатоците од слуз и исцедок од матката. Тоа е добро за вас за да се исчистите. Доколку сте се породиле нормално на природен начин веднаш можете да си дозволите туш. Поради раната морате внимателно и само со вода да ги миете интимните делови. За почеток избегнувајте било какви гелови и сапуни за да не предизвикате иритација. Чистотата можете да ја постигнете со благ сапун за бебе. Спуштен и сега празен стомак, зголемени гради, не се ништо во однос на матката. Карлицата и матката имаат претрпено најголеми промени. Можеби не сте знаеле, но товарот на матката ,пред породувањето, е 5 до 8 килограми. Логично дека таа тежина ќе направи матката да се спушти надоле. Со текот на времето таа ќе се врати на нејзиното место, но и вие може да и помогнете. Неколку пати во текот на денот, после доењето легнете на стомак добри 15 минути. Под вагината ставете пелена од дебели крпи. После неколку дена матката ќе се фиксира на вистинското место. Доколку сте се породиле со царски рез, не ја правете оваа вежба. Само доилките може да потврдат за чувствителноста на нивните брадавици. Болките најчесто се предизвикуваат од неправилното местење на бебето додека дои. Тоа воопшто не е страшно. Треба да извежбате како ви е најзгодно. Посериозно е кога чувствувате печење и болка на брадавиците во текот на целото доење. Тогаш станува бор за инфекција - кандида албиканс, од која мора да се лечите и вие и детето. Според најновите препораки, се одбегнува миењето на брадавиците со сапун. Се препорачува миење со благ гел , најубаво бебешки, и сушење на воздух или бришење со мека памучна крпа, извриена на 95 степени. Чест проблем е и преполнети дојки. Зафатени се и двете дојки непосредно по започнувањето на потполната лактација. Ваквиот проблем ќе го решите со редовно издојување на млекото од градите, топли облоги и нежна масажа.
|
|
|
|