Dilina -> RE: Заговор против доењето!? (29.9.2014 0:14:11)
|
Незнам дали е вистинска тема за ова, но мој собет за сите идни мамички, само што ќе се породите, одкога ќе го средат бебенцето, инсистирајте да ви го дадат на бокс, дадете му ја вашата града, и тогаш кога малото ќе повлече мн се поголеми шансите да надојде млекото.. јас бев голем скептик дека ќе имам млеко. Мајка ми дури ми велеше да купувам ад пред да се породам за да имам пошто она немала ни со мене ни со брат ми, па големи биле шансите за да немам ни јас. Но незнам која сила ме натера одма одкога ќе го земам малоро во прегратка да му дадам цице (иако првото нешто што таа го направи е шмукањето на спавачата хехе) .. тоа е вроден инстинкт кај бебињата, сите знаеме, но мислам дека е и вроден инстинкт кај мајката. Едноставно со позитивна мисла и надеж, без да се слушаат обесхрабрувањата од околу се е можно. Но и оние мамички што ги хранат своите деца со ад од разни причини, не треба да се осудуваат, еве и јас и брат ми сме израснати со ад, па до сега само 5 пати имам настинато и толку.... Пред некој ден свекрва ми ми рече дека детето ми се одбивало.... еве неколку дена ми плаче на цицка одкога жената го кажа тоа... јас мн се изнервирав, но ете што се случи, дали е случајно или има некоја смисла, незнам, но се мачам неколку дена да ја нацицам малата, со килажа напредува и повеќе од потребното, си цицаше супер без никаков проблем, но ете деновиве незнам што и станува.. да ви избројам од вчера има цицано само 4 пати... мн е битен психолошкиот фактор околу доењето, затоа треба цврсто да сме убедени дека имаме млеко, или ако неамме дека кај и да е ќе надојде, не зборам да се остави детето гладно, но со позитивна мисла да се добие саканото...
|
|
|
|