Calypso
|
Искрено, во многу дилеми сум околу тоа дали се храниме здраво или не. Тргнувајќи од тоа што многу болести косат во модерново време, а жртви се и млади и стари, јасно е дека исхраната, како еден од факторите за здрав живот, не ни чини. Јасно дека исхраната нема единствена улога во појава на болестите, ама и тоа како игра улога. Поради се поголемата потреба за храна во светот, одамна се започна со масовно, исфорсирано и вештачко производство на храна, вклучувајќи житарки, месо, млеко и нивни производи и преработки, зеленчук и овошје. Се што е вештачки произведено, навистина не чини, ама како што гледам, немаме избор, мора да го прифатиме тоа, освен ако еве, не си купиме земја и животни некаде понастрана од градските средини и самите да ги одгледуваме производите кои ни се потребни. Вештачки произведената храна е полна со хормони, антибиотици, адитиви, конзерванси и емулгатори. Затоа и не ме изненадува што се повеќе бактерии се отпорни на антибиотиците што ги пиеме, не ме изненадува што децата порано созреваат, исто не ме изненадува и фактот што се поголем број луѓе (и возрасни и деца) имаат некаква алергија. Се е тоа поради храната, тоа е неоспорен факт. Човекот припаѓа во групата на сештојади (омнивора). Значи, месото ни е потребно, тоа е факт. Ама не сувомеснати производи, туку свежо месо по можност од животни природно одгледувани. А тоа да се добие денес е малку потешко. За среќа, во Македонија тоа се уште го има, и јас се трудам максимално да го искористам во нашата исхрана. Признавам, јас без месо не можам, а и мм и син ми си сакаат ама не претеруваме со неговото конзумирање, најчесто јадеме телешко и риба, нешто помалку пилешко и мисиркино. Секогаш варено или динстано, понекогаш печено. Свинско ептен ретко. Сега малку офтопик ќе одам. Јас на син ми ништо не сум му ускратила. Не би го ставила на вегетаријански режим, тоа оставам на него да одлучи кога ќе порасне. Ама сакам да му поставам барем основи за здрава храна. Му давам да јаде се, освен конзервирана, сувомесната храна и печурки. Се друго има пробано, значи скоро се. Јаде месо (телешко, пилешко, мисиркино и риба), јајца, зеленчук и овошје, тестенини и житарки, ама си сака и чоколадо и го бара, јас се трудам да му го сведам на минимум, ама кога е со бабите и дедовците, е тогаш малку потешко го контролирам. Млеко никакво не пие, освен бадемово, засладено со мед, пие јогурт и кисело млеко, од млечни производи јаде само сирење и овошен јогурт (почесто домашен), не знае за зденка, павлака, кашкавал (не ги сака). Се трудам да готвам најздраво што можам, да бидеме повеќе на варено и динстано месо и салати, и секој зеленчук и овошје што може да се јадат свежи, така и ги јадеме. Десертите не ни се сосема исфрлени од менито, ама почнав дома да приготвувам слатки со мед или јаворов сируп наместо шеќер, слатки кои не бараат печење и во кои не се користат јајца, млеко, брашно... а има доста такви рецепти, можностите се големи. Зборов ми е, не би ускратила ништо, ама додека јас имам контрола над неговата исхрана, ќе се трудам до максимум да му создадам здрави навики во исхраната. А тоа се може уште од самото почнување со цврста храна. Сметам дека тие навики водат до поквалитетен и здрав живот. Точно е дека мора да има ген за ракот и слични болести, ама тој ген се активира со конкретен тригер механизам, во кој клучна улога има исхраната, изложеноста на стрес, физичката активност и воопшто начинот на живот. Некој претходно спомна, денес луѓето уште пред 60 години почнуваат со пиење лекови, а порано не знаеле ни апче за глава што е. Е па помислете, само добра логика треба, кои ли се причините? И друго што не ми е јасно... во таа дискусијата на другото место, многу мајки велат слободно да му се даде на дете купечки пудинг (од ќесичка) уште од 7 месеци и конзервирана туна уште од 10 месеци, а рано било за мешункаст зеленчук, кромид, лук и слично на 7 месеци? Па подобро ќе му дадам зеленчук или овошје, отколку конзервиран производ од полица на продавница. А што се однесува до солта, нема гаранција дека солта која ја купувате во маркет е јодирана (барем не во денешно време), така што не мислам дека Фиао греши што и дава на А хималајска сол. Доказ за тоа ми е се поголемиот процент на луѓе кои страдаат од проблем со тироидната жлезда. Има начин да се внесе јод во организмот (може во тоалетот да оставите отворено шишенце со јод да испарува, па да го вдишувате, но да не е отворено цело време). Малку ми е чудно што повеќето од вас се почувствуваа нападнати кога Фиао ги изнесува своите размислувања, сфаќања и заклучоци во врска со исхраната. Јас не гледам никаде дека таа го наметнува своето мислење, ниту пак ве тера да го прифатите нејзиниот начин на исхрана. Самата е во дилеми што е најдобро за А. и се обидува преку овие дискусии да го направи најдоброто за своето дете. Впрочем, како и сите ние. Се извинувам на долгиот пост
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|