|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:35:24   
mami
  Десет проценти од вкупната популација има камен на жолчка. За таквата состојба е виновна нездравата исхрана и недоволната физичка активност. Затоа менито на секојдневната прехрана треба да содржи варена, а не пржена или печена храна.
Црвеното месо да се исфрли од исхраната, односно да се замени со бело месо и риба.

Фактори за создавање на камен на жолчка:

Храната игра важна улога во создавањето камен на жолчка, посебно онаа која е богата со масти и јагленохидрати.
Сепак, не е толку важно количеството на калории кое се внесува во организмот, туку енергетската нерамнотежа, која настанува како резултат на недоволната физичка активност.
Од голема важност е и зголеменото ниво на триглицериди, како и намалената работа и подвижност на жолчниот меур.

Симптоми на болеста: Во почетниот стадиум (некогаш дури и две години подоцна) лицата ги немаат симптомите на болеста, но по извесен период камењата можат да се зголемат дури и до 5 сантиметри.

Доколку се случи некои од нив да се придвижат кон тенкото црево, најчесто заглавуваат во водата на жолчниот меур и тогаш предизвикуваат болки.

Најостри болки можат да се јават во горната десна страна на стомакот, кои траат неколку часа, проследени со мачнина и повраќање.

Типови на камен: Во однос на изгледот и хемискиот состав, каменот на жолчка се дели во две основни групи: холестеролски и пигментски.

Холестеролскиот камен, кој е застапен во 80% од случаите, може да биде чист (обично еден голем камен, со бело-жолта боја) и мешан (повеќе ситни камења),
додека пигментниот камен обично е мал и црн, а се создава кај пациентите со хронични заболувања, како хемолиза, алкохолна цироза на црниот дроб и инфекција на жолчните патишта.

Лекување на болеста: Кога димензијата на камењата е помала од 3 сантиметри, тие обично не создаваат проблеми и се применува таканареченото лекување со чекање. Во таков случај, болниот нема да биде подложен на операција и не мора да зема лекарства, туку му се препорачува промена во начинот на исхрана.

Ако каменот на жолчката му создава болки на болниот, а тој поради одредени здравствени причини не може да подлежи на операција, тогаш се одредува терапија со лекови кои го растопуваат каменот.

Задолжително се интервенира со хируршки зафат ако жолчниот камен дава алармантни симптоми, создава клинички компликации и ако се наоѓа во жолчната вода.

Операцијата може да се изведе на класичен начин со отворање на стомачниот дел или по ендоскопски пат, односно примена на специјални камери и инструменти.

Начин на исхрана:
За болните од камен на жолчка се препорачува режим на исхрана со мала застапеност на масти, а доволно јагленохидрати. Подоцна во исхраната постепено се вклучуваат и протеини.
Треба да се јаде почесто, но во мали количини. Храната да изобилува со овошје, зеленчук и сокови, а да се избегнуваат рафиниран шеќер, слатки, кофеин и чоколадо.
Да се конзумираат млеко и млечни производи со ниска масленост. Да се практикува варена, а не пржена или печена храна. Црвеното месо да се исфрли од исхраната, односно да се замени со бело месо и риба.
Пожелно е да се избегнува и жолчката од јајцата. Брзото губење на килограми, исто така, може да предизвика дополнителни проблеми.

После поголем оброк добро е да се лежи барем половина час, а на предниот жолчен меур да се стави топол облог.

Во текот на присутноста на болките, најдобро е воздржување од храна, а доколку се конзумира, тоа да бидат течности, како зашеќерен чај, овошни сокови и варено млеко

< Поракaта ја уредил mami -- 1.2.2010 8:37:50 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:39:37   
mami
ја отварам темава од причина што мајка ми мора под итно на операција за жолчката. А незнам ништо околу тоа, па ме интересираше, дали некоја имала вакво искуство- да знам што ја очекува, колку е опасно, колку брзо ке си се опорави. Мене искрено ме фаќа страв од самата помисла дека треба било што да се оперираuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:49:57   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ја отварам темава од причина што мајка ми мора под итно на операција за жолчката. А незнам ништо околу тоа, па ме интересираше, дали некоја имала вакво искуство- да знам што ја очекува, колку е опасно, колку брзо ке си се опорави. Мене искрено ме фаќа страв од самата помисла дека треба било што да се оперираuser posted image user posted image user posted image



Мами а каква ќе биде операцијата? класична операција или знам дека сега најнова метода е со ласер... знам личност што беше на ласер, и со оглед на возраста, дека беше во поодминати години, брзо се опорави.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:51:41   
mami
Па незнам каква ке биде. Беше во петокот утрото на снимање и уште таму и рекле да оди одма на операција. Кога отишла на матичен со резултатите и го рекла истото и плус- Ако имаш некој познат уште поубаво. И сега врска немам како одат тие работи. Си бирам јас како сакам да ме оперираат или??

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:55:21   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Па незнам каква ке биде. Беше во петокот утрото на снимање и уште таму и рекле да оди одма на операција. Кога отишла на матичен со резултатите и го рекла истото и плус- Ако имаш некој познат уште поубаво. И сега врска немам како одат тие работи. Си бирам јас како сакам да ме оперираат или??


Е не знам дали ти си бираш? Она што јас сакам да го кажам е дека личноста што ја познавам што беше на ласер многу брзо се опорави...

< Поракaта ја уредил ripce -- 1.2.2010 9:04:03 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 8:56:47   
mami
Врска немам што ке биде, ке одам после на Клиника, само да потпрестане малку дождов па да се распрашам како оди сето тоа и ако се закажува да закажам веднашuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 9:02:04   
Iva
Тетка ми ја оперираа од камен на жолчката, знам дека беше ласерски и дека многу бргу се опорави. Мислам но не сум сигурна, значи не ме држи за збор, дали операцијата ќе биде на каласичен начин или ласерски, зависи од тоа колку камења има во жолчката и нивната големина. Сепак ласерот ги распрскува односно ги дроби, е сега ако се повеќе мислам дека нема да може ласерот тоа да го направи. Значи пак ти викам не сум сигурна за ова.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Проблеми со жолчката
1.2.2010 9:03:10   
mother 29
sveki treba da odi na operacija i toa laersko vadenje vo Stip.toa jas sto go znam e deka moze da si biras,samo e malku poskapo od obicnoto(ne znam kolku) i e se ceka poveke na red,zaradi toa sto e ogranicen brojot na dr. koi ja znaat ovaa postapka!
imam prijatelka sto go pomina ova so laser..kako od noga..ete sega posle godina dena e povtorno bremena so vtoro!

laser definitivno!


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 9:56:11   
amelbebe
se rasprasa li kako odi taa procedura.bidejki i jas treba da odam da ja operiram zolckata

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 9:58:45   
mami
Со упат од матичен, прво на Абдоменална се оди да те снимаат и после со уштееден упат и снимки одиш да закажеш и таму соодветно од возраста и ситуацијата со жолчката закажуваш операција дали со ласер или обично. Ке одам денес да закажам па ке ви пишам што се случило

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 10:00:28   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Со упат од матичен, прво на Абдоменална се оди да те снимаат и после со уштееден упат и снимки одиш да закажеш и таму соодветно од возраста и ситуацијата со жолчката закажуваш операција дали со ласер или обично. Ке одам денес да закажам па ке ви пишам што се случило


Ајде само брзо да оздрави, друго не е важно!


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 10:03:42   
mami
ах чул те Горнион...колку ми е мене страв, ич не сакам операции, се си мислам дека нема да излезе од салаuser posted image user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 10:06:56   
mis.
ајде мами немој со црни мисли,се ќе биде во ред,да боли да помине

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Проблеми со жолчката
2.2.2010 10:12:15   
amelbebe
fala ti mami za odgovorot,i ne se sekiraj gospod e milostivso negova pomos ke bide se ok

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Проблеми со жолчката
3.2.2010 16:05:42   
Annabel
Немој да се плашиш, за докторите тоа е рутинска операција од ранг на операција на слепо црево. ММ има извадено жолчка лапараскопски на 27 години. Прават три дупчиња (од кои остануваат минимални белези), и со специјални инструменти ја вадат жолчката гледајќи на екран.

После операцијата закрепнувањето е две-три недели.

Она што е важно, тоа е начинот на исхрана во првата година од операцијата (на мм му препорачаа да јаде варива - пире, ориз), урда....да не јаде мрсни и тешки храни и јадења од тесто, а и да избегнува некои типови на зеленчук - на пр.патлиџан. Исто така не пиеше кафе.Сега нема никакви тегоби зашто си се придржуваше до таа диета.

Немој да се грижиш, нека помине со лес операцијата. А кој доктор ќе ја оперира?

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Проблеми со жолчката
5.2.2010 23:31:49   
Матеа
Само ленено семе и маслиново масло му е мајката. Ако можиш на гладно да го пијаш на сабајле и со малку лимонов сок нема да имаш проблеми.

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:30:50   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image е ваква сум во моментов..па дали се нормални нашиве на клиника??? Била мајка ми денес, со упат со снимки со препорака за истна операција и замислете- докторот ке си одел на први на клиника и ја запишал во листа на чекање и и рекол, кога ке дојдете на ред ке ви се јават, незнам кој ке ве оперира, незнам кој ке ме замени..
Алоооо каде со тој памет, а до тогаш? а ако и се влоши? кој ке одговара? Ми доаѓа да им отидам таму и на сите по еден скалпер кај што не треба...извинете за говорот ама се изнервирам максимално сега

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:35:38   
caci20
A mami na privatno ne se pravi takva opercija i dali e mnogu skapa? Vaka ke se iznaceka mislam. Prvo vrskite da pominat

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:37:19   
mami
Па скапа е, ама еве сега вртам по приватниве да видам колку би коштало точно

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:38:20   
caci20
Aj vidi vo Remedika mislam deka pravat tamu ama cena ne znam

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:39:12   
caci20
Ne znam dali fondot refundira del od sredstvata ako pravis operacija privatno a si osigurenik?

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:46:51   
mami
Тоа зависи далуи болницата има склучено договор со фондот. Сега зборев со Ремедика- 51.000 обично и 60 и нешто илјади лапароскопски ако е...Ужас, тоа е премногу скапо, како да ќе се пораѓаuser posted image ништо одам после до воена болница да видам таму како е

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Проблеми со жолчката
11.2.2010 13:47:44   
mamasane
мами, мислам дека и во Градска болница прават операција на жолчка зашто татко ми лежеше пред едно 3 години таму и се сомневаа дека е проблем со жолчката па за малку ќе го оперираа, меѓутоа излезе дека у ствари имал проблем со срцето а не со жолчката. затоа прашајте и таму за да не плаќате приватно

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Проблеми со жолчката
13.2.2010 9:33:42   
amelbebe
spored ova sto gokaza mami mene veke me faka strav,zosto i jas treba da odam na operacija,lele samo gospod neka ni pomogne.aj ako se rasprasas po drugite bolnici te molam da mi kazes kade ke se operira majka ti user posted image

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Проблеми со жолчката
13.2.2010 9:41:26   
mami
Во Воена болница исто прават и  сестрата со која разговарав на хирургија беше многу фина. За таму ти треба- упат од матичен, резултати од снимањето, и сини картони или само книшка ако си пензионер нели. Бидејќи се јавив во четврток ми рекоа слободно да дојде во понеделник и во текот на неделата ке биде оперирана. Незнам за во Градска како е, тоа мајка ми рече сама ке провери во понеделник. Па ке ви пишам како е таму

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?