|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тикови во детството
29.1.2010 14:42:42   
ripce
Тиковите се ненадејни, повторувачки и ненамерни моторни движења слични на конвулзии или вокални симптоми на ист мускул или на група мускули. Важно е декадвижењата и вокализациите се начин на ослободување од одредена внатрешна емоционална напнатост, тие се повторувачки и аритмични и поради тоа се ненамерни.

Тиковите се делат на транзиторни тикови, хронични тикови и Tourette-ов синдром. Хроничниот тик и Tourette-ов синдром се смета дека имаат слична основа, единствената разлика е во степенот на тежината на растројството. Дијагностички критериум и за двете растројства е појавата на симптоми пред да наполни пациентот 21 година. Има различни мислења за настанување транзиторни тикови.

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
- Преваленцата на хроничните тикови е над 4%.
- Инциденцата за Tourette-ов синдром е помала од 1% во целата популација.
- Средна возраст во почетокот на хроничните моторни тикови е околу 7-та година, а за Tourette-ов синдром е истата возраст или малку поголема. Вообичаено, сиптомите започнуваат на возраст од 4 до 15 години, но Tourette-ов синдром е опишан и кај деца помали од 1 година.

КЛИНИЧКА СЛИКА
Тиковите може да се манифестираат од кој било дел на телото, вообичаено во пределот на главата, особено на мускулите на лицето и горниот дел од телото. Најчести видови моторни тикови се тресење на главата, правење гримаси, подигнување на веѓите, трепкање со очите, собирање на носот, влечење на устата, кревање на рамениците и виткање на екстремитетите.
Симптомите на вокален тик вклучуваат воздивнување, зевање, кашлање, шмркање, гровтање, фрчење и лаење. Покомплексни симптоми на вокален тик вклучуваат ненадејно експлозивно кажување непристојни зборови или фрази (копролалија); 30% од пациентите со Tourette-ов синдром страдаат од ваков тип симптоми.
Тиковите, генерално, се поврзани со голем број други бихевиорални нарушувања,како што се нарушувања на вниманието, тешкотии со учењето, пелтечење и други нарушувања на говорот, кондуктивни нарушувања, опсесивно-компулсивни симптоми, панични атаки, фобии итн.

ОСНОВА НА ТИКОВИТЕ

Направени се многу обиди да се објасни основата на тиковите со фактори од индивидуалната психологија, семејната психологија и со биолошки фактори.
Tourette-ов синдром се смета дека е моногенска наследна болест. Проценето е дека 1,2% од популацијата е носител на мутантниот ген и дека една половина од овие индивидуи ќе манифестираат некаква форма на симптоми. Како додаток на тиковите, луѓето кои имаат Tourette-ов синдром имаат за 10 пати
повеќе тешкотии во вниманието, кондуктивни нарушувања за 17 пати панични атаки за 13 пати и депресија за 11 пати повеќе од здравите луѓе. Како додаток на наследноста, и други фактори може да ги потпомогнат симптомите. Особено ситуации кои предизвикуваат анксиозност, како и емоционалниот стрес може да ги зголемат симптомите кај вулнерабилните индивидуи.

ТРЕТМАН
Клиничката слика на тиковите и на Tourette-ов синдром може многу да варира. Се случуваат и спонтани ремисии, и тогаш симптомите лесно може да се следат неколку месеци. Супортивна и информативна дискусија со детето и семејството, секако, се корисни. Ако симптомите траат подолг период, неопходни се специјални испитувања и третман. Тешките случаи се третираат со психотерапија и медикаменти. Пред да биде инициран третманот, дијагнозата се потврдува со детаљни психолошки и психијатриски инвестигации на детето кои се комплетираат со дополнителни невролошки испитувања. Од актуелните психотерапии, бихевиоралните терапии дале најдобри резултати. Како додаток на терапијата, важни се и поврзани информации, совети и водење. Халоперидол и пимозид се употребуваат како медикаменти. Исто така, клонидинот се употребува во третман на тиковите, но се смета дека не е толку ефикасен како гореспоменатите медикаменти.
Пред да бидат иницирани медикаментите, детето кое страда од тикови мора да се подложи на преглед од детски психијатар и медикаментите мора да се реализираат под водство на детски психијатар.

Извор Педијатрија



< Поракaта ја уредил ripce -- 29.1.2010 14:44:56 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тикови во детството
10.2.2010 16:30:05   
ripce
Преголемата грижа на родителите ги засилува тиковите кај децата

Голем број тикови, особено тие што се манифестираат во раното детство, се минливи, што во голема мера зависи од толерантниот став на родителите

Конверзивните манифестации на нервоза - тикови, пелтечење, психоген мутизам, трајни телесни манифестации (одземеност на рацете, нозете, хистерични напади) се јавуваат и се манифестираат во различна возраст кај децата. Конверзивна невроза кај децата не се манифестира пред четвртата година. Минлива и лабилна конверзија почесто се јавува околу десеттата година, а вистинската конверзивна невроза може да се развие по десеттата година.

Тикови - се нагли, неволни, бесцелни движења, кои ангажираат одредена група мускули и се повторуваат во неправилни интервали. Се манифестираат како бесмислени движења - жмуркање и намигнување, трепкање, гримаси на лицето и устата, кимање и одмавнување со главата, стресување на рамениците, рацете, кршење прсти итн. Почести се кај машките деца и се јавуваат во будна состојба, а во спиењето исчезнуваат. Тик од минлив карактер кај децата може да се јави од третата или четвртата година како израз на психичка напнатост или како последица на имитирање на некој од околината. Кај повозрасните деца може да се јави во рамките на нарушено однесување - израз на агресија со несвесна тенденција да го задржи вниманието на родителите. Од седмата година, тикот е невротичен симптом, односно симболичен израз на конфликт изразен со телесно движење. Тик може да се манифестира и во рамките на синдромот "болест на тикови", кој некои експерти го вбројуваат во психосоматски заболувања, други во органски, а трети во психогени. Во овој случај освен распространетите тикови, кои ги опфаќаат сите делови од телото, децата изговараат грди зборови и изрази и манифестираат присилни и фобични симптоми. Тиковите може да бидат и од органска природа - последица на прележано воспаление на мозокот.

Во "развивањето" на тикот голема улога играат родителите, нивниот став, атмосферата во семејството, но важна е и личноста на детето. Родителите за да го спречат "јавувањето" на тикот, обрнуваат преголемо внимание ги казнуваат и им се закануваат на децата, што кај нив создава чувство на вина.

Голем број тикови, особено тие што се манифестираат во раното детство се минливи, што во голема мера зависи од толерантниот став на родителите. Тикот може да исчезне за извесно време, повторно да се појави или да биде заменет со друг конверзивен симптом. Нелекуваните тикови траат цел живот. Лекувањето на невротичниот тик може да биде тешко и долготрајно. Освен психотерапија се применуваат и специјални моторни вежби.

Пелтечењето е посебно нарушување во говорот, кое се карактеризира со повторување или застој во изговарањето на зборовите. Почесто се јавува кај момчињата. Почнува во претшколска возраст, но посилно е изразено со поаѓање во училиште. Пелтечењето што се јавува како симптом кај децата што претходно нормално говореле, е несвесна желба на детето да биде секогаш "мало" за родителите. Манифестирањето на пелтечењето е од емотивна природа - кога е нарушена сигурноста на детето. Кон засилено пелтечење придонесува ставот на околината, која опоменува, кара, коригира, со што детето станува свесно за својот недостаток. Детето обично не пелтечи кога говори самото со себе, кога пее. Помалку пелтечи дома или кога разговара со луѓе што му се блиски, отколку во училиштето каде што стравот од неуспехот го засилува пелтечењето. Пелтечењето се лекува со психотерапија и со специјални говорни вежби.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тикови во детството
22.11.2012 8:58:55   
bebence19
dali imate nekoe iskustvo so bliski luge koi imaat tikovi i kako se nosite so toa?????mi treba nekoj koj ima iskustvo

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тикови во детството
19.4.2018 13:32:08   
leona1
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ..гЛЕДАМ ДЕКА ТЕМАТА Е ВЕКЕ СТАРА НО СЕ НАДЕВАМ НЕКОЈ КЕ ЧИТА...Мислам дека таков или ист проблем имам со синот,сега 6 год.Неволунтерски двизења на мимиката,рацете а понекогас се јавува и скокање без причина,ако му викам престанува!Овие промени се случуват одамно со паузи,повторувања.Поизразени се кога е изморен или возбуден!Само со матичниот разговарав и ми рече дека се Тикови и ми даде Б6,,но подобрување нема!!!Ве молам ако некоја мајка имала несто слично со своето дете да ми каже што певземавте а каде точно да се обратам...Ви благодарам однапапред

(Одговор на членот bebence19)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?