Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Бесплатно зачувување на матични клетки 20.12.2009 19:53:21
Еца
Бесплатно зачувување на матичните клетки од папочната врска за секое новороденче во чие потесно семејство има некој заболен од анемија на српести клетки или некои форми на леукемија. Ова е најнова програма на меѓународната компанија „Cryo-Save", која почна да се применува и во Македонија. Зачувувањето на матичните клетки во Македонија постои околу три години, но интересот за оваа постапка е се поголем.
Антоанета Кировска Веселниновска има родено три деца и вели дека чувањето на матичните клетки е инвестиција во здравјето и во иднината на детето. „Сепак сфативме со сопругот дека складирањето на такви клетки значи за нас како семејство, родители еден спокој, едно опуштено воспитување и образување на децата", вели Антоанета Кировска Веселиновска.20 годишно замрзнување на матичните клетки чини 1.700 евра, се плаќа еднаш, а компанијата ги чува клетките. Од преставништвото на „Крајо сејв" во земјава компанијата „Бимек", велат дека луѓето најчесто ги прашуваат за кои болести ќе можат да се искористат матичните клетки, ќе може ли третманот да се направи во Македонија, но и за финансискиот дел кој за домашниот стандард не е мала сума. „Стандардите на едно просечно македонско семејство можеби и не дозволуваат да направат ваква опција, но сепак не се работи за многу висока сума. Имаме семејства кои се одлучуваат и на одложено плаќање, значи има и таква опција", рече Даница Алачка, менаџер на „Cryo-Save". Основачот и сопственикот на најголемата банка за матични клетки во Европа, Марк Ватершут, вели дека луѓето можат во секој момент да видат каде се чува нивниот материјал и дека обезбедуваат стопроцентна сигурност дека клетките ќе ги чуваат и во наредните 20 години. „Прво ние имаме стандардни процедури кои се меѓународно договорени. Ги имаме сите безбедносни мерки. Садовите кои ги гледате тука ги монтираме нон стоп. Ние сме профитабилна компанија и ве уверувам дека ќе бидеме тука и во следните 20 години", изјави Марк Ватершут, сопственик и основач на „Cryo-Save". Засега со матичните клетки се третираат некои форми на леукемија и други болести поврзани со крвта, но во моментов се вршат преку 3.000 клинички тестирања така да во блиска иднина многу повеќе болести ќе се лекуваат со матични клетки.
RE: Бесплатно зачувување на матични клетки 21.12.2009 8:16:50
Anushka
е, на таа тема вчера на А1 требаше да го дадат моето интервју, а тие СРАМ ДА ИМ Е, се испосекоа од изјавата, ставија една реченица вон контекст... кажав: дека ДА, навистина е ептен скапо, ама како човек кога купува возило, тој го зима да биде што посигурно. Не за да прави сообраќајки, нели тоа ни на крај памет не му паѓа, ами да биде посигурен при возењето. Така и со сочувување на матичните клетки. Процесот на подигање на едно дете не е реверзибилен процес, во смисол штетата во образованието, во воспитувањето, во здравјто, немо`е да се поправи, туку треба да се делува ПРЕВЕНТИВНО. па, ако како родител вложуваме могу во образованието (англиски, балет, карате, пиано и сл.), како ќе се оправдаме во еден момент дека не сме вложиле и во таа здравствена превентива. Иако, кај нас финансиите се пресудни, сепак, родители кои можеле да соберат сили и одвојат средства, требале да го направат тоа. Мислам дека и Владата треба да почне да размислува во павец на партиципирање во овој трошок, на ниво на Буџет. Сепак, здрава нација за една држава значи и помалку трошоци за целото општество.
RE: Бесплатно зачувување на матични клетки 21.12.2009 11:32:11
Еца
Најважно е дека почнало да се размислува кон бесплатно зачувување, сепак убаво би било тоа да стане приоритет и секој да може да ги зачува без да размислува дали ќе има финансиски да покрие. Значи чекор кој би значел многу за сите родители.
RE: Бесплатно зачувување на матични клетки 1.1.2010 21:53:05
SLADJANA
Vo ovaa intevju jas citam samo deka firmata taa i taa ima odlozeno placanje za maticni kletki a za besplatno cuvanje kako ideja e super ama tesko ostvarliva barem jas taka mislam
RE: Бесплатно зачувување на матични клетки 16.3.2011 15:11:26
bika
Odlicna e idejata, samo se nadevam deka nema nekoi skrieni misli so mali bukvi, kakvi sto najcesto ima. Proveruvav mnogu za bankite za maticni kletki i otkriv deka vo Hrvatska pred mesec dena se zatvorile 3 banki (2 ungarski i edna polska). Mora ubavo da procitate kade ke gi socuvate maticnite kletki i da ne veruvate mnogu na reklamite. najbitno e da se licencirani kako banki za maticni kletki zosto posle moze nema da mozat da se upotrebat. nie kade sto zacuvame vo angliskata banka, nivnata akreditacija moze da se vidi i na internet, a drugite nikade gi nema.