|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Трихомонаден вагинитис
29.9.2009 13:54:39   
Еца
Не толку честа, но сепак сериозна сексуално пренослива инфекција е трихомонадниот вагинитис (воспаление на вагината). Предизвикувач на ова заболување е Трицхомонас вагиналис. Тоа е едноклеточен паразит првпат откриен во 1836 година. Изолиран е од цервикалниот и од вагиналниот секрет кај инфицирани жени и од семената течност кај мажите. Светските статистики покажуваат дека  5-15 отсто од жените што доаѓаат на редовен гинеколошки преглед ја имаат оваа инфекција.

Како се пренесува оваа инфекција?
Инфекцијата со трихомонас се пренесува со директен сексуален однос. Затоа единствен начин на превенција е апстиненцијата (немање сексуални односи) или редовно и правилно користење кондом.


Кои се симптомите?
Можат да се заразат и мажите и жените, меѓутоа симптомите се многу поизразени кај жените. Бидејќи мажите ретко имаат симптоми, не знаат дека се инфицирани и на тој начин стануваат причина за повторни реинфекции на веќе излекувани жени. Сепак, доколку имаат симптоми, тие потекнуваат од уретрата (мокрачна цевка), а тие се болно и отежнато мокрење и истекување бел секрет од пенисот. Кај жените трихомонасот најчесто ги напаѓа вагината, уретрата, ендоцервиксот и мочниот меур. Најчест симптом е обилен, жолтозелен секрет од вагината, со многу непријатен мирис. Исто така, може да се јави чешање, болки во долниот дел од стомакот, жежење, болно и отежнато мокрење. Доколку инфекцијата е проширена на цервиксот (грлото на матката), често се јавува и крвавење при сексуални односи. Забележано е дека симптомите се влошуваат при менструација.


Како се дијагностицира ова заболување?
Дијагнозата ја поставува гинеколог. Се зема вагинален брис преку кој со микробиолошко испитување се докажува причинителот. При колпоскопски преглед гинекологот гледа типична слика на јагода.


Како се лекува?
Инфекцијата со трихомонас вагиналис се лекува со „метронидазол". Најдобри резултати се постигнуваат со ударна доза, при што истовремено треба да се лекуваат двата партнера. Ова е многу битно за да не настане повторно инфицирање на веќе излекуваната жена. Исто така, се препорачува да се избегнуваат сексуални односи за време на терапијата. Треба да се напомене дека „метронидазолот" влијае врз метаболизмот на алкохолот. Затоа, не треба да се консумира алкохол додека трае лекувањето. Во спротивно, може да се јават гадење и повраќање.


Кои се можните компликации при ненавремено лекување?
Нелекувањето на оваа инфекција се поврзува со зголемен ризик од ХИВ-инфекција. Бремените жени инфицирани со трихомонас имаат поголем ризик за предвремено породување, раѓање деца со мала родилна тежина, инфекција и руптура на плацентата. Кај мажите можни компликации се воспаление на простата и на мочниот меур.

Извор: Време


< Поракaта ја уредил Elena -- 29.9.2009 13:55:00 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Трихомонаден вагинитис
25.3.2010 18:42:20   
brineta88
Трихомонијазата е уште една полова болест која се пренесува преку сексуален пат. Тоа значи дека сексот скапо ќе ве чини ако не водите сметка за здравјето на своите полови органи.
Станува збор за инфекција на вагината што лесно може да се пренесе и на мочниот канал при што се јавува печење при мокрењето. Кај мажите се случува да се инфицира и простатата. Многупати сме споменале дека превенцијата е најдобриот лек за сексуално преносливите болести. А постои ли подобра превенција од практикувањето заштитен секс и редовни гинеколошки прегледи? Конкретно за трихомонијазата, најдобра заштита е кондомот. Кондомот 100 % ќе ве заштити од паразитот на оваа полова болест. Уште еден начин да дејствувате превентивно е едукацијата.
симптоми на трихомонијазата: Иритација, чешање, печење во делот на гениталиите. Исцедок од вагината со непријатен мирис и жолтеникава боја. Непријатен и болен секс.
Дополнително за заштита: Микроорганизмот Trichomonasom vaginalis, е во состојба да живее надвор од човечкото тело дури 45 минути. Ова значи дека лесно може да се пренесе и на друг. Затоа избегнувајте да користите ист пешкир, долна облека, костими за капење, сунѓери за капење. Овие предмети се потенцијални пренесувачи на заразата. Лекувањето се одвива преку антибиотици кои мора да ги пијат и двата партнери.


Oва го прочитав на друга тема. Станува збор за истата инфекција, нели?

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Трихомонаден вагинитис
14.4.2010 13:17:11   
brineta88
Ако има некој искуство со оваа бактерија нека пише како точно се пренесува бидејќи во едниов пост пишува едно, а во другиов друго и не ми е баш јасноuser posted image

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Трихомонаден вагинитис
8.2.2011 1:05:31   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Трихомонијазата е уште една полова болест која се пренесува преку сексуален пат. Тоа значи дека сексот скапо ќе ве чини ако не водите сметка за здравјето на своите полови органи.
Станува збор за инфекција на вагината што лесно може да се пренесе и на мочниот канал при што се јавува печење при мокрењето. Кај мажите се случува да се инфицира и простатата. Многупати сме споменале дека превенцијата е најдобриот лек за сексуално преносливите болести. А постои ли подобра превенција од практикувањето заштитен секс и редовни гинеколошки прегледи? Конкретно за трихомонијазата, најдобра заштита е кондомот. Кондомот 100 % ќе ве заштити од паразитот на оваа полова болест. Уште еден начин да дејствувате превентивно е едукацијата.
симптоми на трихомонијазата: Иритација, чешање, печење во делот на гениталиите. Исцедок од вагината со непријатен мирис и жолтеникава боја. Непријатен и болен секс.
Дополнително за заштита: Микроорганизмот Trichomonasom vaginalis, е во состојба да живее надвор од човечкото тело дури 45 минути. Ова значи дека лесно може да се пренесе и на друг. Затоа избегнувајте да користите ист пешкир, долна облека, костими за капење, сунѓери за капење. Овие предмети се потенцијални пренесувачи на заразата. Лекувањето се одвива преку антибиотици кои мора да ги пијат и двата партнери.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?