Еца
|
Причинителите, кои предизвикуваат страв кај децата, независно од нивниот психосоматски статус, се најразлични. Факторите што ги условуваат, можат да бидат поделени во три категории: -Вродени. Таквите се во тесна врска со состојбата на повисоката нервна дејност, темперамент и пол. Има деца, што очигледно полесно и почесто од другите демонстрираат реакции на страв врз база на карактеристиките на темпераментот. -Преживеани. Поврзани се со непосредните случувања. Може да бидат постојани или краткотрајни, да се трансформираат, да се зголемуваат, мултиплицираат. -Мислење и вообразување. Тука детските стравови може да бидат провоцирани од неправилни претстави, идеи, разумни заклучоци, непознати ситуации итн. Како кај возрасните, така и кај децата, стравот го придружуваат конкретни физиолошки показатели, првенствено од биохемиска и функционална причина. Расте адреналинот, пулсот, систоличниот крвен притисок и зачестеноста на дишењето. Се нарушува волевата мозочна функција, проблеми со крвотокот, се појавуваат чувства за бодежи во градите, поточно во срцевата област, се појавува задишување, неможност за движење на екстремитетите, афективни грчеви. Се демонстрира кочење, ноќно мокрење, треперење, припаѓања, губење здив, натрапливости, неврози, агресија, самоагресија, непријатни мисли, изнудено тиранско и проблематично поведение, тешкотии при заспивањето, активни протести, дезинтеграција, срамежливост, оттуѓување и др.
< Поракaта ја уредил Maca RR -- 10.1.2013 18:44:22 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|