|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
17.1.2016 21:24:19   
Палешка РР
Жени, ај да се преброиме колку жени од РР го следиме на Facebook и Twitter Дарко Лешоски, колку ги обожаваме нековите песни и писанија. А богами и него како маж.

Еве јас user posted image

Извинете ама јас заљубена сум во него. Ако може некоја да ми договори да се запознаам со него, во несвест ќе паднам мислам.

Во оваа тема може да ставаме негови песни и писанија. Делови од книгата, доколку имаме. Да му кажеме дека го читаме и ние мајките од Рингераја.

КЛИК

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 17.1.2016 21:26:29 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
17.1.2016 21:29:26   
Палешка РР
Darko Lesoski
6 January at 00:53 ·

"Ме имаш мене."

("Како ќе ја истераме годинава Дарко ние...")

На оние што ги сакаме ќе им кажуваме на трезно и во вторник колку почесто можеме
На оние што им должиме ќе им вратиме и ќе им се заблагодариме од дното на срцето кое го носиме
На оние што ни должат долговите ќе им ги заборавиме
Под дното на срцето за заборавот гробови ќе им ископаме и на ново ќе почнемњ
"Дојди и да не грешиш веќе!" ќе им кажеме на оние кои ни згрешиле.
http://youtu.be/AtpJmNpAwLU
На оние што не можат да не гледаат заедно ќе им се смееме ако така се решиле.
На оние што се радуваат што не гледаат заедно ќе им шепнеме дека нивни сме и тие наши се.
"видете не ние двајца сме - повелете!" на маките кога ќе ни чукнат на порти ние ќе им кажеме.
Лебот ќе ми биде месо од еднорог покрај тебе.
Сув леб.
"И ова ќе помине баш фино што се видовме не пукајте од радост полека треба години ние заедно да сме! " ќе им кажеме на срцата наши кога весели одвишок ќе ни се.
Две чаши ефтино студено вино и раката твоја која случајно ја бара мојата рака по оградата од терасата после работа во летен запурен ден во мало ама наше станче ќе ми биде Малдиви и триста курви на четири јахти од кои три се празни и без мене ами за кнат на Грците и на комшиите.
Остај ме да спијам нека ти дадат сега оние што ти лајкаат на Фејсбук песните ќе ми биде смеење кога ќе легнам покрај тебе оти ми ја памтиш од пред четири саати замерката глупа дека лазањите овој пат пресолени ти се.
Те сакам ќе ми биде твоето смотан еден.
Ќе научиш да го распознаваш моето Кај си ма ти кажано тебе кога ќе те видам како звучи и на други стотици.
Ќе научиш да ја впиваш топлината и премолченото те сакам а кажаното кај си ма ти само кон тебе што зрачи.
И
Нема да се бориме!
Нема да се борам!
Нема да се бориш ни ти!
Нема ни со прст да мрдаме!
Нема да ни чуе љубов!
Нема ни да се молиме!
Нема влакно од косата тебе пред време да ти побели предвреме, а ни мене да ти кажам...доста е.
Доста е!
Вода ќе сме!
Ако е река ние ќе течеме.
Ако е море ние од солзите ќе се лечиме место да старееме.
Ако е вазна ние ко вазната облик ќе бидеме и ќе научиме дека и во тесно криља раснат ако си спокоен и цвеќиња цутат од тебе.
Ако е пожар, ако е страв или смрт на ближен ние со "шшшш" ќе гаснеме и ко мајмуни само ќе го стегаме оној кој боли.
Ќе стегаме.
Ако снема некој пак од нас
Од мене или од тебе.
Ако не раздвои нешто.
Ако не раздели мене и тебе ние - роса ќе сме.
Роса небеска која душата на другиот катаутро очињата ќе му ги мие.
Роса која ќе му шепоти: Да живееш!
Со тебе сум.
Со тебе сум - не отидов не заминав јас нигде!

Нема ни да ја туркаме.
Нема ни да ја тераме љубов.
Ти се плашеше.
Ти сеуште се плашиш исто како кога ме праша пред некое време "како ќе ја туркаме годинава Дарко? како ќе ја истераме ние?"
Ти се плашиш како некоја која сака.
Како што се плашеа сите други кои ме љубеле пред тебе - како после мене ти ќе преживееш?
Ти се плашиш зошто ме сакаш исто како нив како сите кои пред тебе ме љубеле и јас те разбирам што се плашиш и од себе и од мене и од годината нова која еве ја дојде.
Ти се плашиш како секоја жена како да преживееш.
А јас ти кажувам не мораш!
Ќе живееш!
Ќе ме проживееш!
Мене.
Ме имаш мене.
Не сакам ни јас да преживувам некоја веќе, сакам да ја проживеам. Сакам мене некоја да ме проживее.
Ме имаш мене.
Ти сеуште ме имаш мене.
Мене.

user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 0:03:59   
Hopeful RR
Аааа, да знае Дарко Лешоски колку фанови има тука... user posted image
Мене ми се допаѓа неговата поезија, мислам дека е голем исчекор на македонската книжевна сцена и се надевам дека ќе продолжи да пишува вака бурно и возбудливо!

Утре постирам парчиња што мене ми се допаднале, па ајде да дискутираме!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 11:09:13   
LoveableMe RR
Јас првпат слушам за него, лелее ептен сум изолирана значи, не знам како не сум имала можност да дојдам до него и неговите дела, ајд да читнам нешто, па ќе пишам што мислам, инаку вака ми е шпанско селоuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 11:37:29   
Neurotoxin RR
Бројте ме и мене, воглавно им се восхитувам на сите уметници, ама ете некако сум дошла до неговите дела, едноставно работа не е место каде јас би творела мислење сопствено за погоре споменатиот поет од Вевчани user posted image доколку бев во можност ќе создадев уметничко дело од моето мислење за него user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 13:05:00   
sandriana RR
Уште некој ден и измина уште една година како паметна жена.
Тешко се трпи.
Тешко се поднесува.
Грее кога ќе ти се насмее.
крвта ти ја смрзнува кога е тажна.
Тешко се живее со таква, уште потешко се заборава.
Ќе измине уште една година како паметна
ама чачната троа во главата убава жена,
која те остава како што си заслужил - баш така.
Ќе измине уште една година која ќе ми се насмевне мене пак бидејќи попаметна испаднала и ќе ме штипне за образот како Дедо Мраз...
„Ќе ме праша што сакаш да и кажам на колешката да ти донесе, што да ти пратам, што да ти донесам?“
Мајка ми ќе помисли љубов дека сакам!
Татко ми ќе помисли дека сакам зборови и поезија кои на срцето како студени ордени се редат
Другарките дека сакам Порше 911 од 1988
Другарите манекенки и пички од тука до Долна Нормандија
Сестра ми дека сакам спокој само троа
Слава и пари оние кои не ме познааваат
А јас ќе ја дигнам главата на полноќ накај небото и ќе смигнам за секунда.
Ќе ја погледнам годината која изминува и се разминува со онаа која доаѓа во секунда како една паметна жена која со другата - не се трпат
ќе ги стегнам забите на секунда и ќе си шепнам она што одамна си го шепкам пред да ја погледнам во очи онаа новата која дошла: „Добредојде, ќе те сакам.“
„Не мора ништо убаво од на небо да ми носиш!“
„Не смееш ништо блиско освен мене на небо да ми земаш!“



Мојот последен фаворит!
Редок и храбар талент.
Некоја година помало од мене, ама некако стравопочит ми влева user posted image . Два пати се кандисувам да му пријдам, да го пофалам, ама нозе ми се враќаат од тремаuser posted image . Ќе си го читам и симпатишам од подалеку user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 15:42:04   
Палешка РР
„Животот е бела погача.. не за најадос, ам за бел образ Дарче“

Некогаш мислам дека не се родило поарогантно, понеразбрано,посебично и поперверзно копиле од мене.
Една девојка која многу ја сакав и сеуште ја сакам имаш ли среќна мисла еднаш ме праша се сеќавам и кажав имам имам како не како не!
И кажав веднаш како продавач кој сака да ти ували нешто дури не ти проработеле мислите дека не требало да прашаш за тоа и не ти треба уопште
Имам и кажав имам со она убедливото: „како не! како не!“
Сакам да најдам милионер да ми ја спонзорира следната книга и да напишам Млад поет и милионер бараат девојки кои се слични на хероин - за да се смират и да прекинат со пишување - огласот и предиспозициите се во книгата внатре.“
И веднаш да се испродаде.
Да се распродаде.
Сите сакаат да се омажат за млад милионер.
Сите сакаат да знаат што кој кур му фали млад милионер. што уште му треба, а не може да најде...
Ниеден не сака да знае што има кај другиот во душата внатре.
Животот не е поезија. Нит бил некогаш.
Со парите сакам да заминам во Париз.
Да донаучам француски на скапи курсови за јазик учење.
Да заминам во Париз и да спијам во некој манастир како човек кој ништо и никого нема а нит сака нешто да има или недај боже повеќе.
Да имам колку за цигари, за кафе и секоја вечер да држам часови по креативно пишување во затворите околу Париз на затвореници - поезија да пишуваме.
Зошто ме праша ти тогаш,
а јас ти реков зошто само тие се искрени и ќе пишуваат како што ми е мене.
Како требаше.
И зошто не требаше.
И кога ќе умрам сакам да ме закопаат простум - и реков.
Да видам како е пред Нова година - среќен да си.
И и се смеев во лице - ти се смеев во лице дури очите ти се насолзуваа тебе.
Да осетам после којзнае колку време - ти реков
Макар мртов да почувствувам
Змиите подземи кога ќе се виткаат околу моите коски како украсите по градот и низ продавниците на елките.
Како пука од душава моја шев по шев и крилја ми раснат од плеќите ко на пладо пилче.
Животот е бела погача велеше баба ми Бог да ја прости.
Животот е бела погача наросена со брашенце...
- не за најадос, ам за бел образ Дарче.
Ја не гризнав ништо од таа погача бабче.
Нит па сакам.
Ќе клекнам пред сите оние кои имаат повеќе од мене.
Ќе клекнам и ќе ја раскршам со рацеве.
Кога ќе умрам ќе ме закопаат простум.
Како украси околу елка ќе се виткаат околу коскиве под земи змиите.
https://www.youtube.com/watch?v=PlIuDNNQDXw
Има толку луѓе кои ми сториле добро.
Има толку луѓе кои ми сториле добро бабо...
јас сакам душава да им ја раздадам како нафора на скара со свинска маст потпечена ден пред причесна на Велигден ...како копиле.
Како копиле кое простум го закопале.
I still have last night in my body! I still have last night in my body David! дур ја слушаме со Архангела Гавриил со невидливото Порше 911 дур се возиме накај небото преку Табановце без пасоши накај небото нагоре.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
18.1.2016 17:46:32   
mommy_angels RR
Вбројте ме и мене во групата на млади мајки ,затрескани во поезијата на Лешоски. На дечкото му се восхитувам,пишува на невообичаен начин,за мене лично многу интересен и привлечен за читање. Ја почитувам искреноста и душата што произлегува од секој негов стих. За мене најубави се песните посветени на неговите родители,чиста и безусловна љубов и почит спрема луѓето што му дариле живот.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
20.1.2016 15:25:01   
vezilka RR
Дечкото супер си пишува. Башка тоа и е паметен оти ја искористи силата на новте медиуми и им се протна на читателите. За ова второво повеќе му симнувам капа оти паметно го искористил тоа. Не дека не му симнувам капа и за пишувањето, оти е вистинско освежување на модерната мк поезија, барем на таа која допрела до нас читателите. знаете ние читателите сме мрзливи, треба некој како Дарко да ни го пикне четивото под носот за да го прочитаме. Или да прочитаме некаде дека е многу популарно па да се фрли пола народ на читање. Како и да е алал нека му е на дечкото.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
22.1.2016 10:57:25   
sandriana RR
" Ми е гајле ако имам куре бе! јас Љубоф ...Љубоф јас се викам!

Во душата имав дете.
На среде душата имав бебе легнато на грб на раскрвавен душек.
На среде душата јас имав бебе кое вришти и може очите одвнатре да ми ги испука со гласот свој како прозорски стакла
На среде душата јас имав бебе пресечено меѓу ножните прстиња со најтенок лист хартија
На среде душата јас имав бебе кое вриска, а јас тивко му шепотев Шшшш шшшш и меѓу прстињата од каде крвта низ душата ми блика тивко со усните му дував.
Кога те пуштав.
Кога ти реков Ако мислиш дека е подобро да не се гледаме повеќе ние двајца нека биде така.
Кога ти се насмеав и ти реков ако ти е полесно тебе така.
Во душата имав бебе раскрвавено бебе на кое решив дека не му треба таква како тебе мајка.
Кога тебе јас те пуштав.
http://youtu.be/LhBOpcK3-Bk
Денес тоа бебе не е повеќе бебе и ги има моите зелени очи.
Денес тоа бебе ја има мојата коса и мојата насмевка, а лузната пак му е одамна зарасната и никогаш оттогаш таков плач од моето убаво бебе, од душата моја јас не сум слушнал.
Ме гушка кога ќе му кажам дека едвај живо останало кога од мене те пуштав и дека се спасило за крв колку една капка.
Ме гушка и ми вели : "правиме како треба, а не како е полесно во животот! По тоа се разликувате ти и онаа која тврдеше дека ми е мајка."
Тоа бебе ти никогаш не го виде, не го запозна, не го слушна, не го гушна.
Тоа глупо створче кое сеуште нема име и ми се смее кога ќе му кажам дека има куре и дека тоа не е име ами именка и не може да се вика така.
И џагори.
Трча.
Ми бега.
Кога по него јас трчам како по малите деца кога трчаме и милно се закануваме: Ако те фатам , леле сега ако те фатам...
Џагори низ мене со најзаразната смеа која сум ја слушнал и ми бега со шантрав чекор те на лево те надесно телцето малечко му натежнува како дечињата кога трчаат, а уште не знаат да одат.
Искри, џагори, гласот му е искршичаво плишан и потопол од сите детски лиги на светот испуштени во спиење на топли перничиња во зимска пладневна дремка.
Џагори во мене дури го бркам.
Вели: "ми е гајле ако имам куре бе! јас Љубоф ...Љубоф јас се викам! "

Душа искрена, разголена.....возљубена

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
22.1.2016 11:27:40   
Hopeful RR
Со надеж дека ќе почнат и други да пишуваат, а останатите да читаат повеќе поезија, еве една од Дарко што ми се допадна:


„Делот каде изговараш тивко ти: Дарко...Дарко ме слушаш ли тука си? Мене наутро како аларм ме буди.“

https://www.youtube.com/watch?v=nxhqkkLr924
Одиш пешки речиси секаде, пополека.
Зошто си здрав.
Зошто никаде не брзаш.
Чекориш полека зошто си господар на времето свое и никому треба да му се оправдуваш.
Седнуваш сам да испиеш кафе.
Не гледаш на саат.
Како поминуваат нежно со показалецот по екраните од телефоните луѓето околу тебе - така ти нежно поминуваш со показалецот по порцеланската шолја од еспресото.
Сите пролетти од твоето детство се капат во виножитото на зимското сонце кое како свет грал ја осветлува обичната чаша вода од чешма.
Чашата е негде дваес два-три денари на големо на Битпазар.
Моментот кој сега го дишеш и спокојот кој го чуствуваш петнаесет илјади пати поголем од ЏиДиПи - то на Македонија.
Гледаш одвреме навреме наоколу ама ништо околу не те инетересира во суштина
Одвреме навреме некој или некоја од соседните маси ќе те погледне како штракнат.
Се насмевнуваш колку да ја збуниш и да им го ебеш на секунд текот на муабетот на масата.
Не брзаш никому да купиш ников подарок за Нова Година - луѓето кои ги сакаш не заслужуваат на попуст да им купуваш.
Ќе им купиш во март, во април - без повод, за инат!
Ти си им подарок.
Tие ти се тебе.
И оние вакви мали моменти.
Мали моменти на мир кога му се поклонуваш на универзумот во миг и тој ти се поклонува како двајца монаси во будистички манастир.
Тие моменти не се воопшто мали.
Не се воопшто мали љубов моја.
Денес сакав да ти дојдам на работа.
Да замолам да те пуштат на пауза и да те земам до парк на дваесеттина минути.
Да не зборуваме ништо.
Само да седиме на сонцето на клупа со очи замигнати и за рака фатени.
Пред да си одиме да извадам од џебот на капутот малечко кочанче за пуканки и да те натерам пред гулабите да го фрлиш.
Со твоите рачиња да го срониш...
Дури ми ја држиш раката на задниот џеб од моиве фармерки, а јас околу твојот врат и те учам да не брзаш и полека да чекориш да ти кажам да се завртиш назад и да погледнеш каде кочанчето ти го срони.
Собери ги сите твои маки јадови, сите залудни љубови од петпарачки љубовници, сиви безлични лузни...
како просо, срони ги како кочанче за пуканки
Дебелиот гулаб кој се турка со сите останати да изеде што повеќе да знаеш дека е оној до тебе што сега чекори.
Оној што ништо повеќе не може да ти вети од себе си.
И дека лебот кој со мене го делиш на леб ќе мириса така и ќе
Сништата негови пред тебе заклани само ти помалку мрак да осетиш.
Ако ме сакаш.
Ако уште ти мене ме љубиш.
И да те научам како мене да одиш пешки речиси секаде, пополека.
Зошто си здрава.
Зошто никаде не брзаш.
Да чекориш полека зошто си господарка на времето свое и никому треба да му се оправдуваш.
Да ти признаам дека еднаш на телефон дури зборувавме го снимав нашиот разговор. И делот каде ти велиш Дарко ме слушаш ли? Тука си?
Делот каде изговараш тивко ти: Дарко...дарко ме слушаш ли тука си?
Мене наутро како аларм ме буди.
Љуби ме брзо журим!
Љуби ме брзо журим! user posted image


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб
23.1.2016 8:39:24   
mommy_angels RR
Еве зашто го сакам,кафенце и убав збор за добро утро
„Жена можеш за се да ја излажеш освен за тоа дали е сакана.“

Ретко и тешко ќе изустиш те сакам пред онаа која навистина ја сакаш
Бавно и долго ти нема да си свесен дека е така
Како што расне дете
Како што зараснува рана
-пополека ти ја спознаваш,
Наново ти се учиш
Наново ти сам себеси се дознаваш
Кога жена сака маж прво вели во себе, самата пред себе прво си признава дека го сака и е свесна.
Кога маж пак сака жена тој вели Те сакам гласот не си го слуша не знае дека е така
Уште паметам ако заборавав намерно работи кај тебе од ситници до телефонот до клучевите кај тебе во ташна
За да те привидам за да ти украдам уште троа време од денот или ноќта
За да имам алиби да ти го чујам гласот пак
Не бев ни сам свесен не бев ни сам свесен дека секогаш на тротоар те качував јас одев од страната каде поминуваат возила
Уште не бев свесен дека те фаќав на надлактицата кога друго непознато машко во клуб низ гужвата поминува или обично мало кутре скитник накај тебе приоѓа
И после долго долго јас тебе на глас ти изустив некако со пелтечење некако тивко ко на сам себеси да си признавам: Јас ... јас те сакам.
А ти се смееше на глас.
Во лице ми се изнасмеа.
Ги закоси очињата.
Сите заби дури се смееше ми ги покажа.
Зошто ти ко да знаеше, ко да знаеше и пред мене дека јас тебе те сакам.
Знаеше одамна дека јас тебе навистина те сакам.
И чинам ко да сакаше да извикаш: Хааа ! Кој ти кажа
Кој ти кажа дека ме сакаш?!
https://www.youtube.com/watch?v=yKzfKfs4cUQ
Отсекогаш јас знам дека жена се можеш да ја излажеш
Жена можеш за се да ја излажеш само не дека е сакана
Толку ти е испукана душата ти рече толку ти е избодена и изрушена и толку вода испуштила, а пак ти е смешна, мала удобна и мека ти е душата ти рече ...како детска крокс кломпа и пак со смеење ти очињата ги стесна, а устата ја рашири и сите твои заби ми ги покажа.
Како децка крокс гумена кломпа ти ете така.
Те сакам повторив уште еднаш вториот пат за мене повторив јас - јас да се осигурам
Кога си одев дома се сеќавав на твојот фустан за кој ти реков не оставај го на столицата ќе ти се изгужва
Не оставај го на столицата - кога се соблече пред мене ти првпат.
Ко да знаев дека ќе седнам.
Ко да сакав да те предупредам дека сум трапав.
Може не знаев дека те сакам...
Може не знаев дека толку ќе те засакам...
Ама чинам знаев ...
Знаев oтсекогаш дека жена може да ја излажеш за се освен за тоа дали е сакана
И знаев...
знаев дека мртов од иднината после години и години јас често ќе се навраќам да не гледам.
Како водиме прв пат љубов јас и ти – нас да не гледам.
И ќе ти седнам на фустанот.
Духот мој фустанот ќе ти го изгужва.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?