|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Астма
26.6.2009 12:30:06   
Еца
Присутноста на влагата и мувлата може кај децата да доведе до астма, покажа студијата на финските научници од Националниот институт за јавно здравје.И поранешните испитувања утврдиле дека лошите станбени услови се поврзани со астмата, но многу стручњаци сметаа дека влагата и мувлата само предизвикуваат астматични напади кај децата кај кои оваа болест се развила од други причини. Испитувањето е направено со учество на 362 деца, а податоците покажуваат дека астмата во индустријализираните земји е најчесто хронична болест кај децата на училишна возраст, како и тоа дека нејзината зачестеност постојано расте. Финските научници проценуваат дека дури една петина од случаите на астма кај децата е предизвикана од влагата и мувлата во станбените простори.Нивното истражување покажало дека појавата на потешките случаи на астма кај децата е директно и пропорционално поврзана со зголемената присутност на влага во куќите и становите.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Астма
26.6.2009 12:35:34   
Еца
Новата книга “The Harvard Medical School Guide to Taking Control of Asthma" одговара на многутте ваши прашања поврзани со оваа област. Ако вие или некој што го знаете има астма, еве неколку совети кои би можеле да помогнат.

Астмата е болест која има тендеција да ги стеснува дишните патишта, кога се доаѓа во контакт со одредени стимули, како на пример: правта или крзното од некои домашни миленичиња. Но, дишните патишта не секогаш се стеснети. Понекогаш тие можат да бидат хиперсензитивни, и да реагираат на алергии од мачки, кучиња, пердуви и полен; алергиска храна како: лешници, млеко или јајца; и можат да се иритираат од чад од цигари, вежбање, силен мирис, или од загадувачи на воздухот.

Астмата може да се појави во било која возраст, најчесто како последица после бронхитис или пневмонија. Најчесто се појавува во раното детсво. Кај третина од децата обично се губи со нивното растење, најчесто во пубертетот, но повеќето продолжуваат да ја имаат до одреден степен засекогаш.

  Др. Кристофер Фанта, ко-авторот на книгата изјави:
„ Иако астмата ја има во поголем процент во индустриските земји, сепак, загадувањето не е проблемот. Алтернативните теории вклучуваат дека треба повеќе време да се поминува надвор, но сепак, баш тоа може да предизвика алергиска реакција која би резултирала со бронхитис или астма. “
Уште една интересна теорија е дека кога нашиот свет би имал помалку бактерии, нашиот имунолошки систем ќе ослаби и ќе биде потешко да се спречат алергиските реакции да дојдат поблизу до дробовите.

Др. Фанта и неговите колеги ја напишаа оваа книга од три причини:
Прво, перцепцијата за астмата се промени. На пример, пред 10 или 15 години, астмата беше третирана како епизодичен проблем. Но сега, медицинските установи сфаќаат дека третирањето на болеста треба да се продолжи, што може да направи голема разлика.
Второ, терапиите и третманот на астмата радикално се променија. Луѓето од генерацијата на нашите дедовци порано се ослободувале од астматичните напади пушејќи цигари наполнети со суво лисје. Сега, има разни медикаменти, од инхалатори до пилули. А и има лекови кои би ги спречиле понатамошните напади.
Трето, луѓето се многу поактивни кога се борат со болеста.

Следно, петте чекори од книгата како да станете „ астма паметен “, односно, чекори кои би ви помогнале:
1. Научете се што можете за астмата. Што се однесува до книгата, многуминна од нас дишењето го прифаќаат здраво за готово. Ако имате астма, или знаете некој што има, ќе научите дека е многу е важно да разберете како функионираат вашите дробови. Кога ќе научите за астмата, можете да барате подобри услови за третман на истата.
2. Искористете ги најмогу што можете вашите посети кај доктор. Треба да одите таму со прашања. На пример, прашајте: „ дали овие се сеуште најдобрите лекови кои можам да ги земам? “ или „ дали треба да размислам за зголемување или намалување на лековите? “; „ што ќе постигнам ако продолжам да го земам овој лек? “
3. Спречете ги проблемите уште пред да настанат. Избегнувајте работи кои ја предизвикуваат вашата астма и земајте превентивни лекови. Кога веќе сте дијагнозирани со астма, обидете се да правите список на тоа кога вашата астма се предизвикува, на пример: кога одите кај пријател кој чува мачка, или кога вежбате надвор.
4. Знајте кога вашата астма ќе ви прави проблеми. Некогаш е лесно да ги „ предвидите “ нападите. Значи, кога ќе забележите дека вашето дишење е отежнато, или чудно, смалете ја вашата физичка активност, што и да правите.
5. Бидете подготвени да реагирате на астматичните напади. Препознавајќи дека вашата астма се влошила, тоа е половина битка Другата половина е да бидете подготвени да преземете акција, и да ставите се под контрола. Треба да знаете кои медикаменти ќе ви помогнат. Многу е важно да знаете како и каде да добиете помош.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Астма
30.10.2009 13:48:42   
mother 29
извор.време

АСТМАТА КАЈ ДЕЦАТА
Пациентите со алергиски ринитис поделени на „кивачи" и „течачи"

Во составот на клиничката слика постои уште една практична поделба, која е направена врз основа на доминирање на едни или на други симптоми. Првата група пациенти би можело да се наречат „кивачи" и „течачи" и кај нив претежно се нагласени симптомите: кивање, кое особено се јавува во налети, потоа течење на водест бистар секрет од носот, јадеж во носот и променлива носна опструкција. Кај ваквите пациенти постои јасен ритам на симптомите, дење се чувствуваат полошо и тогаш симптомите се поизразени, а ноќе настапува видно олеснување зашто симптомите се намалуваат. Честопати кај оваа група пациенти тоа е придружено со конјунктивитис, т.е. со воспаление на очните капаци.
Втората група пациенти се нарекуваат „блокери". Кај нив манифестирањето на кивањето е во помал обем или воопшто не постои. Мукусот е густ и неговото истекување повеќе е во ждрелото отколку нанадвор, за разлика од претходната група, кај „кивачите" и „течачите", каде што истекувањето е предно, односно надворешно. Јадеж на носот не е присутен.

Опструкцијата на носот е многу изразена. Овие симптоми се постојано изразени, но влошувањето е поголемо во ноќните часови. Може да се манифестира и намалување на осетот за миризба или негово целосно отсуство, а може да биде придружено и со појава на полипи во носот. Овие пациенти се жалат на болки во гушата, сувост во устата или во ждрелото. Гласот им е карактеристично назален, со присутно 'рчење. Уште една карактеристика е постоењето на алергиски тикови - одредени движења, односно мимики на лицето кај оваа група болни.
Патофизиолошките механизми, клиничката слика, дијагностичките аспекти, како и терапевтските мерки на детскиот ринитис се приближно исти како и кај возрасните. Важно е да се напомене дека под петтата година од животот алергискиот ринитис е екстремно редок, а потоа зачестеноста на оваа болест почнува да расте и во адолесценцијата достигнува стапка на преваленца од 15 отсто. Токму кај адолесцентите и младите адулти се гледаат најтипичните манифестации на алергискиот ринитис.
Кај децата, особено на помала возраст, алергијата може да поттикне повторувачки инфективен синузитис, воспаление на „третиот крајник", воспаление на средното уво и на тонзилите, но се случува на оваа возраст тие честопати да бидат превидени.
Зголемената носна реактивност од неалергиско и неинфективно потекло, како и неалергискиот ринитис со синдром на еозинофилија, воопшто не се чести кај децата. Тие се поприсутни кај возрасната популација. Исто така, децата ретко страдаат од полипи во носот. Ако тие се откријат на детска возраст, треба да се помисли на постоење на други болести, како што се цистична фиброза и цилијарна дискинезија.
Во однос на поставувањето на дијагнозата, таа кај децата понекогаш се поставува само врз основа на изгледот на детето, односно според некои карактеристики и маниризми, односно разни тикови, гримаси и мимики, како што се „алергиски поздрав", алергиска бразда на носот и со карактеристични темни кругови околу очите. (сл.)
Класичен опис на алергиската носна лигавица е дека таа е отечена и бледа, со водеста ринореја и тој се среќава кога детето има актуелни симптоми во моментот на прегледот. Други наоди со оториноларинголошкиот преглед подразбираат сериозно воспаление на средното уво и аденоидна хипертрофија, т.е. зголемен „трет крајник".
Иако кожните алерголошки тестови може да бидат преземени во секоја возраст, тие не се веродостојни пред втората година од животот. И тоталните, како и специфичните имуноглобулини Е, кај децата се со пониски вредности отколку кај возрасните. Познат е фактот дека колку што е помала возраста, толку се помали и нивните вредности. Пожелно е уште еднаш да се истакне дека тоталниот имуноглобулин Е е зголемен кај помалку од половина деца со алергиски ринитис.
Иако меѓу астмата и алергискиот ринитис постојат извесни разлики во нервната регулација, како и во структурата на бронхите и на носот, основниот имун одговор е ист и затоа двете заболувања одат паралелно. Според некои истражувања, 25 отсто од сите заболени со алергиски ринитис во исто време имаат и астма. Спротивно, повеќе од половината, дури и 3/4 од болните со астма имаат алергиски ринитис. Затоа, кога еден пациент има едно од овие заболувања, треба да се помисли, да се докаже или да се исклучи и другото заболување.

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 30.10.2009 13:49:27 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Астма
18.1.2010 15:37:21   
mami
Според најновите истражувања, зголемувањето на бројот на децата во градинките го намалува ризикот од појава на астма кај децата. Според нив, децата доаѓаат во поголем контакт со микробите, животните и другите деца со што ја подобруваат функцијата на имунолошкиот систем и со тоа го намалуваат ризикот за астма и алергии.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Астма
3.6.2010 10:38:20   
Maca25
Дебелината сепак е поврзана со астмата

Истражувањето на американските научници од Palo Alto Medical Research Institute потврдија дека дебелината е поврзана со зголемените шанси за појава на астма.

Податоците собрани од околу 4.500 возрасни лица покажаа дека астмата била присутна кај 12% отсто од испитаниците со прекумерна телесна маса и само кај 6 отсто од лицата со нормална телесна тежина.

Шансите за астма растела пропорционално со зголемување на индексот на телесната маса, па така лицата со значителна прекумерна телесна маса имале за трипати поголем ризик за астма во споредба со испитаниците со идеална телесна маса, истакнуваат научниците во магазинот Allergy.

Во студијата не е утврдено на кој начин е поврзана дебелината со астмата, но се верува дека станува збор за последица на воспалителните просеци кои во организмот се присутни поради присутноста на вишокот килограми.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.