|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Гонореа (трипер)
29.5.2009 8:09:29   
Еца
Тоа е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија што лесно се размножува во слузницата на влажни, топли места во гениталните органи, како што е грлото на матката, матката и јајцеводите кај жени т.е мочниот канал кај мажи и жени. Исто така може да опстане во уста, грло или анус.Гонореата се пренесува преку сексуален незаштитен контакт ( не мора да има ејакулација за да се пренесе инфекцијата ).

Друг начин на пренос е автоинфекција т.е откако се допираат инфицирани гениталии и потоа се протријат очите, може да се пренесе инфекција на око.

Гонореа исто така се пренесува и од мајка на дете во тек на породувањето ( задолжителна е заштита со капки на очите на секое новородено! ).Првите знаци најчесто се појавуваат 2-5 дена по инфекцијата, иако може да поминат и 30 дена, во кој период инфицираната личност може да ја пренесува болеста.

Манифестација кај жени: знаците може да се неспецифични и да се помисли на вагинална или инфекција на мочен меур. Првите знаци најчесто се печење или болка при мокрење и вагинален жолт, густ исцедок.

Манифестација кај мажи: често мокрење со печење, болка и јадеж со темножолто исцедок од пенисот.
Кај мажи, нелекуваната гонореа може да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал, што води до пречки со мокрењето.

Кај жени, нелекувана гонореа предизвикува Карлична воспалителна болест ( Пелвиц инфламматорѕ дисеасе ) која не секогаш дава симптоми или може да биде многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична бременост.
Аноректална инфекција: чешање, болка или крваво-гнојни столици.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Гонореа (трипер)
29.5.2009 8:33:03   
Боцко
ова изгледа навистина страшно. добро е што започнуваме ваква тема, можеби треба да се отвори како поглавја СПБ (сексуално преносливи болести) па да ги ставиме сите на едно место.

ова изгледа толку страшно, што нема да ми падне напамет неверство. а ако жм е неверна, ете како ќе знамuser posted image user posted image . се шегувам, никогаш не сум имал вакво нешто и не го посакувам никому.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Гонореа (трипер)
29.5.2009 8:38:00   
Еца
Па Боцко и јас се мислев да отворам тема сексуално преносливи болести, но мислам дека вака во форумот, партнерство, сексуалност, треба да дадеме простор на секоја болест посебно место, можеби некој веќе имал искуство па да дискутираме и дебатираме посебно.Мислам дека во ова лудо време овие болести воопшто не се за потценување.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Гонореа (трипер)
6.10.2009 15:04:43   
mother 29
Нелекуваната гонореа предизвикува стерилитет
Кај хроничните, недоволно или воопшто нелекувани болни инфекцијата може да се прошири по органите и системите и да предизвика труење на крвта, слепило, воспаление на зглобовите, менингит

Сексуално преносливи заболувања се група заразни болести што настануваат и се пренесуваат со сексуален контакт. Може да настанат поединечно, а понекогаш може истовремено да се појават по две или повеќе заболувања. Сите луѓе, без разлика на возраста и полот, се подложни на сексуалните заболувања. Овие болести не создаваат траен имунитет - и по излекување може да се повторат по генитален, орален или анален контакт со заболен. Постојат голем број фактори што придонесуваат за ширење на заболувањата. Меѓу поважните фактори е промискуитетот (желба за промена на партнерот), кој значително придонесува за ширење на заболувањата. Голема улога имаат проституцијата, хомосексуалноста и хетеросексуалноста. Посебно ризична група претставуваат корисниците на дрога и алхохол затоа што кај нив е намалена самоконтролата за можните контакти и ризикот за зголемување на процентот на сексуалните заболувања. Од исклучителна важност е и здравствената култура за применување заштитни мерки при сексуални контакти. Причинители што ги предизвикуваат заболувањата се определени бактерии, вируси и паразити. Во зависност од причинителот, може да се јават следните заболувања: гонореа, сифилис, херпес и др.



Гонореата е проблематиЧна

за лекување

Гонореата (бленорагија) е сексуално преносливо заболување, меѓу народот познато како трипер или капавец. Причинител е бактеријата *наисериа гонорее - заразен гонокок. Болеста е мошне сериозна не само поради примарните симптоми, туку поради компликациите што настануваат ако не се открие и лекува на време. Бактеријата се пренесува со која било сексуална активност - вагинална, орална и анална.

Симптомите на инфекцијата се појавуваат по 2 до7 дена од заразувањето. Се манифестираат различно во зависност од местото на инфекцијата (полов орган, уста, анус). Во некои случаи кај жените болеста може да не манифестира симптоми и поради нелекување да претставува извор на ширење на заболувањето. Кај некои жени се појавува незначително зголемена вагинална секреција, а кај поголем број на заболените жени симптомите се поизразени и се манифестираат со силно лачење жолт, густ вагинален секрет, кој има непријатна миризба. При мокрењето жените чувствуваат пецкање во уринарниот канал. Кај нив може да дојде и до усложнување на процесот со воспаление и оток на вулварните Бартолиниеви жлезди. Ако болеста не се лекува, може да се прошири на матката, јајцеводите и јајчниците и да доведе до стерилитет. И кај мажите симптомите се исти - силно пецкање при мокрење и големо лачење гноен секрет од половиот орган. Ако болните не се лекуваат, болеста може да се прошири на простата, семеноводите и тестисите и да доведе до стерилитет. При орална инфекција симптомите се изразуваат со воспаление, оток и црвенило на крајниците и гркланот.

При аналната инфекција доаѓа до воспаление на долниот дел на дебелото црево, со слузаво гноен секрет во изметот.

Кај хроничните, недоволно или воопшто нелекувани болни инфекцијата може да се прошири по органите и системите и да предизвика труење на крвта, слепило, воспаление на зглобовите, на внатрешниот слој на ѕидот на срцето, воспаление на меките мозочни обвивки - менингит. Дијагнозата се поставува по земање секрет од заболеното место, кој потоа се испитува микроскопски за да се открие присуство на причинителот - гонокок. Лекувањето е со неколку вида антибиотици, таблети или инјекции. Поради несоодветно лекување, во последно време причинителите стануваат поотпорни на антибиотиците, поради што лекувањето е потешко и посложено.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?