Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
/11
Кога ги гледаме децата, гледаме дека секоја можност тие ја користат за да скокаат по креветите. Како што не можеме да ги спречиме да одат или трчаат, не можеме да ги спречиме ниту да скокаат. Детето со скокање развива одредени способности и вештини кои во неговиот живот се многу важни.
Родителите не сакаат децата да им ги уништуваат креветите и затоа родителите може да набават трамболина која на детето му овозможува слободно развивање на неговите способности. Надворешните и собните трамболини, ги заменуваат креветите и на нив детето секогаш може да се скока колку што сака. Со скокање детето развива многу способности кои се навистина значајни за него. Ќе наброиме некои од предностите забележани кај децата кои скокале на трамболина:
РАМНОТЕЖАТА е една од првите предности.
Кога стоите на земја, ви изгледа како да немате проблеми со рамнотежата, но кога ќе застанете на трамболина ќе видите дека всушност и не е така. Со секој нов скок, одбивање од површината на отскочницата, мозокот мора да бара нов центар за рамнотежа. На отскочницата развиваме способност за контролирање на сопственото тело и на тој начин ни се подобрува чувството за рамнотежа.
Следува разбирање на РИТАМОТ.
На отскочницата мора да се задржи рамномерен ритам на скокање и ретко која друга активност ни го овозможува тоа. Затоа скокањето има силно влијание на детските играчки, гимнастички и музички способности.
Многу важна е и КООРДИНАЦИЈАТА,
која се одразува на следните области: внимание (а со тоа и концентрација), положба на телото при седење на стол, држење и користење на моливи, држење на телото при одење или трчање.
Трамболината исто така им помага на децата кои можеби се плашат од некои други телесни активности, затоа што им дава чувство на задоволство и ги мотивира уште повеќе да се потрудат. Ви овозможува и на вам да оцените каков атлетичар ќе биде вашето дете во иднина. Како што напоменавме, отскочницата има влијание на многу области како на координација, така и на рамнотежа, еластичност, чувство за ритам и слично. Баш поради тоа отскочниците „создаваат“ подобри атлетичари и многу добри спортисти ги користат како важен дел од тренингот. Исто така зглобовите стануваат поеластични и при пад таквите деца немаат толку негативни последици како децата кои не скокале на отскочница. Некои деца токму затоа се способни да преживеат тешки падови без последици, додека некои заради мала невнимателност имаат последици цел живот.
Зглобовите и ’рбетот се инаку поеластични, но многу потешко поднесуваат тешки удари. Отскочницата спречува 90% од ударите кои детето би ги претрпело при некои други физички активности. Затоа детето може на трамболина да скока и по неколку часови без страв од негативни последици.
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.