|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14 - 18.04.2014) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Растење на плодот по недели, 1. тромесечје

Автор: Редакција Рингераја | 15.3.2011
image

Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни што се случува во вас и како вашиот плод се развива во првото тромесечје.

 

Од зачнување до IV. недела
Доколку имате редовни менструални цилуси, 14- от ден на вашиот циклус, од едниот јајник ќе се одвои зрела јајце клетка. Ако не дојде до оплодување во следните 24 часа, колку што таа живее, заедно со крвта и слузта излегува со следната менструација. Меѓутоа ако сперматозоидот успее да влезе во јајце клетката, доаѓа до оплодување и оплодената јајце клетка оди низ јајцеводот до матката. Јајце клетката во задебелената слузокожа на матката се всадува околу третата недела.

 

Од V. до VI. недела
Во овој период плодот е долг околу 6 мм и голем колку семка од јаболко. На ембрионот му се развиваат мозок, 'рбет и централен нервен систем. Се забележува системот за варење, вилица и уста, се развиваат желудникот и градниот кош, а се гледа и срцето кое кон крајот на 5. недела почнува да чука. Се формира крвоток и вдлабнатини на главата за очи и уши.

 

VII  недела
Ембрионот е долг околу 1,3 см и голем колку мало зрно од грозје. Главата е голема и наведната кон градите, очите сеуште се затворени, сместени на страна, но се гледа црн пигмент под кожата која ги покрива очите. Рацете и нозете јасно се гледаат со врвови од кои ќе се развијат прстите. Срцето почнува да пумпа крв во телото на ембрионот, се појавуваат линиите на нервниот систем и се развиваат коскени клетки. Ембрионот засега има граден кош, црева, црн дроб, бубрези и внатрешни полови органи, кои сеште не се потполно формирани.

 

VIII  недела
Ембрионот сега може да се нарече фетус, кој е долг околу 2 см и голем колку јагода. Сите внатрешни органи се развиени во едноставен облик. Лицето може да се распознава (врвот на носот, вилиците се споени да обликуваат уста, јазикот). Се создаваат внатрешните делови на увото ( кои се одговорни за рамнотежа и слух), прстите на рацете и нозете подобро се гледаат, како и раменици, лакти, колкови и коленици.

XII  недела
Детето е долго околу 5,5 см, а тешко околу 15 гр. Сите внатрешни органи се формирани и повеќето од нив функционираат, очните капаци се формирани и ги прекриваат очите, детето има ушни ресички, формирани се и прстите, мускулите и понатаму се развиваат, па детето може многу повеќе да мрда. Ја отвора и затвора устата и голта од течноста околу себе, а може и да мокри.

XVI   недела
Детето е долго 13 см, а тешко 120 гр. Му растат веѓи и трепавици, а по телото има влакненца. Кожата му е тенка па преку неа се гледаат крвните садови. На екстремитетите му се формираат зглобови, почнуваат да се формираат и цврсти коски. Половите органи се созреани па може да се утврди полот кај детето. Се прилагодува и дишењето. Срцето чука некаде 2 пати побрзо од вашето.

 

 Возраст на плодот

 Проценета должина*

 Проценета тежина*

 V - VI

 6 мм

 

 VII

 1,3 см

 

 VIII

 2 см

 1 гр.

 XII

 5,5 см

 15 гр.

 XVI

 13 см

 120 гр.

Резултатите се разликуваат од извор до извор поради различни начини на мерење

Ве интересира како расте и се развива плодот, што се случува со трудницата и за што размислува идниот татко? Календарот на бременоста на Рингераја ве води од недела во недела низ бременоста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Омилен десерт
donedel

Кој е омилениот десерт на Вашите малечки ?

Овошен јогурт (50%)

Пудинг (17%)

Чоколадо (33%)

Сутлијаш (0%)

Друго (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!